(ВИДЕО+ФОТО) Пукнаа петарди и разнесоа цел кварт
Објавено во: Свет 21 Декември, 2016
Најмалку 31 лице загина, а 70 се повредени откако имаше серија на експлозии на пазар за пиротехника во Мексико Сити.
Ова е трет пат како во рок од 10 години е погоден пазарот Сан Паблито, кој е на 30 км северно од Мексико Сити.
Меѓу повредените има и деца, а 90 луѓе имаат изгореници од експлозијата. Срушени се и околните куќи.
На луѓето кои изгубија блиски ќе им се помогне, а се отвара истрага за случајот. Се верува дека имало шест експлозии.
Се наведува дека во периодот кога се случиле експлозиите на пазарот имало 300 тони пиротехника.