08 Мај, 2024
0.0449

ВИДНИ ВМРОВЦИ СО ПОДДРШКА ЗА ЛИДЕРОТ МИЦКОСКИ - му порачаа побрзо да закрепне и да не се предава

Објавено во: Македонија 07 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Најблиските партиски соработници на лидерот Христијан Мицкоски во ВМРО-ДПМНЕ, вчера вечерта, откако тој објави дека е во болница каде е во тешка состојба поради коронавирусот, но ќе продолжи да се бори против СДСМ, му изразија целосна поддршка.

Тие на своите фејсбук профили објавија зборови на охрабрување и поддршка за тоа што не се предава, но и што не ја прифаќа идејата на Зоран Заев, споделувајќи го неговиот пост на фејсбук.

Му посакаа и добро здравје на партискиот лидер и брзо закрепнување. 

Александар Николовски, потпретседател на партијата, на фејсбук напиша.

„Искрено и отворено со директна порака до Заев од соба во инфективната клиника каде Претседателот Мицкоски се бори со короната. Му посакувам добро здравје, а потоа заедно ќе го победиме Заев и ова зло што ја надвисна Македонија!“, вели Александар Николовски.

Александар Пандов, претседател на Патриотскиот форум на ВМРО-ДПМНЕ, пишува. 

Браво претседателе! Само така со предавниците и криминалците, остро и на прва. П.С.Ти посакувам брзо опоравување!“, напиша Александар Пандов.

Гордана Димитриеска Кочовска, членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и блиска соработничка на Мицкоски, напиша. 

„Никогаш, ама баш никогаш не можат да живеат заедно: правдата и неправдата, криминалот и чесноста, љубовта кон татковината и љубовта кон парите, почитта кон родителите и невоспитаноста најчесто стекната во детството, дадениот збор и нестабилноста. Доаѓа ден кога овој народ конечно ќе може да живее почесно, подостоинствено, повоспитано, праведно и со заслужена казна на секој за своите злодела. Тој ден е сѐ поблиску. Нормално е криминалците да бидат здружени и против секој кој ќе им застане на патот, затоа што тие се невоспитани, неправедни, безбожни и себични. Но, народот е многу поброен од оваа багра која единствено се грижи за својата сметка во банка. Народот ќе се избори, доста му е од угнетувања со векови. Македонија го заслужува тоа!“, напиша Кочовска.

Дел од партиските членови, пак, само го споделија постот на Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

ДАВКОВА ЌЕ БИДЕ ПРВАТА ЖЕНА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ЗЕМЈАВА - Граѓаните се одважија, покажаа отпорност на притисоците

ДАВКОВА ЌЕ БИДЕ ПРВАТА ЖЕНА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ЗЕМЈАВА - Граѓаните се одважија, покажаа отпорност на притисоците

КОВАЧЕВСКИ ПРИЗНА ПОРАЗ: Ќе има внатрепартиски избори, ќе се менуваат сите на функции во партијата

КОВАЧЕВСКИ ПРИЗНА ПОРАЗ: Ќе има внатрепартиски избори, ќе се менуваат сите на функции во партијата

ЕВЕ ПО КОЛКУ ПРАТЕНИЦИ БИ ИМАЛЕ ПАРТИИТЕ ВО ИЗБОРНА ЕДИНИЦА 4: ВМРО-ДПМНЕ води со освоени 13 пратенички места

ЕВЕ ПО КОЛКУ ПРАТЕНИЦИ БИ ИМАЛЕ ПАРТИИТЕ ВО ИЗБОРНА ЕДИНИЦА 4: ВМРО-ДПМНЕ води со освоени 13 пратенички места

Пендаровски: Се враќам на универзитетот каде што бев порано

Пендаровски: Се враќам на универзитетот каде што бев порано

„СПИРО РИСТОВСКИ Е ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ ТЕРЕНАШИ ВО ИЕ 6“: Дафина му се заблагодари заради помошта

„СПИРО РИСТОВСКИ Е ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ ТЕРЕНАШИ ВО ИЕ 6“: Дафина му се заблагодари заради помошта

ПОБЕДНИЧКА АТМОСФЕРА И ВО ВЛЕН: Се слави со жива музика

ПОБЕДНИЧКА АТМОСФЕРА И ВО ВЛЕН: Се слави со жива музика

„ТРЕБА ДОБРО ПРЕИСПИТУВАЊЕ ВО СДСМ“ - Сања Лукаревска во „Претрес“

„ТРЕБА ДОБРО ПРЕИСПИТУВАЊЕ ВО СДСМ“ - Сања Лукаревска во „Претрес“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТАР АПАСИЕВ НА ФЕЈСБУК - „Падај сило и неправдо“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТАР АПАСИЕВ НА ФЕЈСБУК - „Падај сило и неправдо“

ДИК ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ: ВМРО-ДПМНЕ 35,70 отсто, ДУИ 20,48, Вреди 17,37, СДСМ 12,14...

ДИК ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ: ВМРО-ДПМНЕ 35,70 отсто, ДУИ 20,48, Вреди 17,37, СДСМ 12,14...