КОВАЧЕВСКИ ПРИЗНА ПОРАЗ: Ќе има внатрепартиски избори, ќе се менуваат сите на функции во партијата
Објавено во: Македонија 08 Мај, 2024
Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, по јасниот изборен пораз, ја честиташе победата на ВМРО ДПМНЕ и на Гордана Силјановска Давкова, а им се заблагодари и на кандидатот Стево Пендаровски и на гласачите на СДСМ.
Тој рече дека покажале дека се државотворна партија, и дека не ги бојкотирале претседателските избори и оти докажале дека Македонија им е поважна, односно дека овозможиле да има цензус на изборите за претседател.
- Денешниот резултат е разочарувачки, детално ќе анализираме и ќе го бараме изворот и причините за овој поразителен исход. Јас и раководството имаме одговорност, а СДСМ треба добро да размисли што направивме во последните четири, па и седум години, што е тоа што треба да направиме да ја вратиме довербата, рече Ковачевски.
Најави нови внатрепартиски избори каде ќе се смени целото раководство на партијата но и дека ќе се бараат причините за поразот.
Спомена и дека голема моќ ќе се концентрира во една партија во наредниот период.