19 Декември, 2024
0.1046

Виктор Лилчиќ ќе седне во фотелјата на Паско Кузман

Објавено во: 31 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Виктор Лилчиќ ќе биде нов директор на Управата за заштита на културно наследство. Владата на вчерашната седница и официјално го констатирала престанокот на мандатот на досегашниот директор Паско Кузман, кој моментално е во домашен притвор. Кузман пред неколку месеци ги исполни условите за старосна пензија, но, остана на чело на институцијата до назначувањето на новиот директор. Виктор Лилчиќ е професор на Филозофскиот факултет и доктор на археолошки науки. Тој самиот се пријавил на првиот јавен повик на Владата за ангажман на раководни функции.  

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.