29 Април, 2024
0.0263

Кое ќе биде новото име на ВИП?

Објавено во: Економија 05 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Телеком Австрија донесе одлука сите свои брендови да ги обедини под едно име „А1“ со цел да дојде до унифицирање во сите земји каде има мобилни оператори. А1 е името кое е одбрано бидејќи го претставува мобилниот оператор во Австрија кој има добиено најдобри оценки, па токму таа доверба на корисниците и позитивниот впечаток треба да ги засили и останатите оператори вклучувајќи го и македонскиот Вип. За новата стратегија и кога може да очекуваме да „стартува“ А1 во Македонија разговаравме со претставници на Вип.

Фактор: Што ќе значи новата стратегија на Телеком Австрија за оне.Вип, кога може да очекуваме ребрендирање во А1 и во Македонија?

Вип: Одлучено е ребрендирањето во брендот А1 во сите земји каде што Групацијата има свои операции да се случува постепено во зависност од околностите во земјата. Целта на Телеком Австрија Групацијата е обезбедување на повеќе од 24 милиони корисници со искуство на еден бренд за сите понуди на сите пазари и да ја зацврсти својата позиција пред очекуваната консолидација на Европските телекомуникациски пазари.

Фактор: А1 е името кое се користи за главниот мобилен оператор на Телеком Австрија на домашно тло во Австрија. Што сугерира овој бренд и дали од плановите за промени може да се очекува и промена на услугите, поинаков пристап и посилна унификација?

Вип: А1 е силен бренд со целосна услуга на комуникациски решенија. Перцепиран е како одговорен, доверлив и напреден, кој истовремено нуди одлична и квалитетна услуга и корисничко искуство како и со напредна и модерна комуникациска инфраструктура. А1 се стреми да испорача потполно и најдобро корисничко искуство, поврзувајќи ги луѓето, местата и нештата со решенија што го збогатуваат доживувањето на работа, живот и игра во Дигиталната Ера. Бренд системот на А1 е доволно флексибилен за да ги задоволи сите индивидуални и локални потреби а истовремено да биде универзално применлив со цел да овозможи доследност.

Фактор: Врз што се базира одлуката на Телеком Австрија за целосна употреба на А1 брендот во сите земји каде има свои мобилни оператори?

Вип: Се очекува силен и заеднички идентитет на брендот, карактеристична вредносна понуда, постојаност и кредибилитет како и подобрена мулти-национална видливост, со цел да го поддржат работењето на компаниите на нивните пазари како и да ја поттикнат корисничката доверба и растењето.

Разговараше: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица