05 Мај, 2024
0.0306

Висока ефикасност: Новата Opel Corsa и Opel Astra со LED фарови што штедат енергија

Објавено во: Мои пари 27 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Оптимално производство на светлост, минимална потрошувачка на енергија. Со цел дополнително да ги намали емисиите на CO2, Opel нуди високо ефикасни LED предни светла на новата Astra и новата Corsa. Најновите генерации на овие најпродавани модели го имаа своето деби пред неколку дена на меѓународниот саем ИАА Франкфурт.

Емисијата кај новата Opel Corsa е многу мала - не само затоа што шестата генерација на најпродаваниот мал автомобил е придвижувана од високо ефикасни мотори. Новата Corsa опционално е достапна со особено ефикасно LED осветлување. Секоја светилка троши само 13 вати. Тоа е заштеда на енергија од 81% во споредба со халогенот, кој троши околу 70W на светилка. Но, тоа не значи дека клиентите мора да прифатат компромиси во светлината; напротив, благодарение на специјалната технологија на рефлекторот, LED фаровите ја  претвораат ноќта во ден.


„Новата Corsa и Astra ја продолжуваат традицијата на Opel на лидерство во иновациите“, велиИнголф Шнајдер, шеф на технологија за осветлување во Opel. „Нашата развојна цел беше да донесеме оптимална светлина со минимална потрошувачка на нашите автомобили. Во иднина сакаме да користиме LED осветлување за заштеда на енергија низ целото возило“.

Во просек, LED предните светла само на основното ниво на Corsa заштедуваат 1,3 грама CO2 на километар (според NEDC). Со бензински турбо мотор тоа е 1,38 г/км и 1,23 г/км со дизел (потрошувачка на гориво NEDC1: урбано 5,5-3,7 л/100 км, екстра-урбано 4,2-2,9 л/100 км, комбинирано 4,7-3,2 л/100км, 106-85 г/км CO2; потрошувачка на гориво WLTP2 комбинирано: 6.2-4,0 л/100 км, 140-105 г/км CO2).

Astra со петврати заштедува 1,26 г/км CO2 (според NEDC). Бензинските турбо-резултати со 1,34 г/км CO2, дизелот со 1,19 (потрошувачка на гориво NEDC1: урбано 6,3-3,9 л/100 км, екстра-урбано 4,3-3,1 л/100 км, комбинирано 5.1-3,4 л/100 км, 116 -90 г/км CO2; потрошувачка на гориво WLTP2 комбинирана: 6.1-4.3, 141-112 г/км CO2; првични бројки).


Наместо да ги мерат емисиите на динамометар, инженерите на Opel ја добиваат можната заштеда на CO2 на извор на светлина наспроти халогените поефикасно со помош на математичка формула. Во пресметката се разгледува, меѓу другото, колку напони секој извор на светлина заштедува во споредба со халогенот, како и фактот дека возачите обично користат само средно светло во темнината, што претставува само една третина од возењето. Според тоа, само една третина од вкупното времетраење на возењето е вклучено во пресметката.

Едно прашање останува и се однесува на оптималниот излез на светлина при намалена моќност. Opel компензира за пониската електрична моќност на LED диоди со специјална технологија на рефлекторот. Тој на секоја предна светлина е во форма на лопата така што максималната количина на светлина од секoe LED е проектирана на патот. Новите LED предни светла од Opel се затоа исклучително ефикасни, не само во потрошувачката на енергија, туку и во однос на формата и осветлувањето.


Можеби ќе ве интересира

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ