02 Мај, 2024
0.0263

ВИСТИНСКА ВЕРБАЛНА ВОЈНА НА РЕЛАЦИЈА ШТЕДАЧИ - КОСТОВСКИ - каде се парите од банката

Објавено во: Финансии 10 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Зошто плачеш Трифуне?. Со ова прашање оштетените штедачи од Еуростандард банка го почнуваат своето обраќање до Трифун Костовски, еден од сопствениците на пропаднатата банка, откако тој вчера преку фејсбук им порача дека претерале.

„Дали за нас депонентите кои ги изгубивме нашите лични средства во твојата банка а кои ги украдовте заедно со твојот тим!? Или плачеш за неможноста да продолжите со истите принципи на крадење на вашите сограѓани и фирми депоненти. Или пак плачеш за нешто сосема трето. Се прашуваш кој ги украл парите од банката. Повикуваш на организиран криминал. Да, се случувал организиран криминал во твојата банка со години. Ти и твојата дружина во банката не покрадовте. Да не го правевте тоа, немаше ни потреба Народна банка да ви прогледува низ прсти и да ве остави безобразно да крадете со години. Каде завршиле парите? Добро знаеш Трифуне каде завршиле парите. Ако не знаеш во целост, консултирај се со твојот син Коста Костовски и директорот на банката Николче Петковски. Тие ќе ти ја надополнат сликата за тоа што навидум незнаеш или не си слушнал ниту видел а си одобрил. Знаеш, Трифуне, знаеш... Само полесно е да бидеш постојано во улога на жртва, да бараш милост од јавноста а да бидеш осигуран со украдените пари однесени на некои банкарски сметки далеку од овде“, порачуваат штедачите. 

Наместо да плаче и да глуми жртва, му порачуваат да најде начин и да им ги врати парите на неговите сограѓани и фирми депоненти на кои им ги одзел. 

„Ти и твојот тим. Или ќе чекаш судот да прогласи кривична казна од повеќе години за тебе и твојот тим, па да размислиш дали е вредно да се помине животот меѓу четири ѕида или да им се вратат парите на оние кои се покрадени, излажани и измамени. Како за тебе, тоа важи и за другите учесници во овој масовен грабеж. Велиш покрај парите си го изгубил и образот, доцна е сега да размислуваш за образот, за ова требало да мислите кога делевте кредити на кого стигнете без никаква гаранција за истите, впрочем да не го правевте тоа со амин од НБРМ немаше сите ние а и вие да бидете во оваа ситуација. Одлуката е ваша, твоја и на твојот тим. Полесно за сите е да се вратат парите. Час поскоро. Барем да се намалат штетите према оние кои најмалку го заслужуваат тоа. Ти си на потег Трифуне!“, пишуват штедачите.

Можеби ќе ве интересира

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција