15 Мај, 2024
0.0259

Виталиа меѓу првите компании што го поддржаа системот за донирање на храна

Објавено во: Мои пари 23 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Во почетокот на месец април започна со реализација првиот систем за донирање на храна од страна на компаниите во Македонија.

Во рамки на проектот, меѓу првите компании што се вклучија во системот за донирање на храна е Виталиа со донација од 610 килограми прехранбени продукти донирани во 10 хуманитарни организации.

„Виталиа сo задоволство се приклучи кон оваа иницијатива и го поддржа проектот „Ајде Македонија“ со донација на 610 килограми здрава храна за лицата на кои им е потребна. Со оваа донација, се овозможува оброк за околу 2.500 лица. Виталиа ќе продолжи да ги поддржува ваквите активности со надеж дека храната повеќе никогаш нема да завршува на депониите, додека во државата има гладни сограѓани“ – изјави Сања Скепаровски, маркетинг менаџер во Виталиа.

Овие производи ќе им се поделат на луѓето на кои им е потребна помош. Според истражувањата и сознанијата од граѓанското здружение „Ајде Македонија“ 450.000 жители во Македонија живеат со еден оброк на ден.

Од граѓанското здружение „Ајде Македонија“  додаваат: „Започнавме преговори со големите македонски компании од прехрабената индустрија, за кои очекуваме да се вклучат во големата мрежа за донирање и распределување на донирана храна. Во првата година, планот е да обезбедиме 20.000 најзасегнати граѓани со доволно храна, со надеж дека понатаму оваа иницијатива ќе прерасне во национален систем за донирање на храна.“

Виталиа постојано учествува во хуманитарни акции, но компанијата исто така  придонесува во едукацијата на децата за здрава храна и здрави навики.

Посветени на едукација и запознавање на потрошувачите со бенефитите од здравата храна, преку проектот „Петка за здрава храна“ Виталиа постојано организра едукации во градинките и училиштата, што навистина допринесува за менување на навиките на децата во однос на храна. 

Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти