27 Април, 2024
0.0295

„Виталиа“ со свој придонес во битката со корона вирусот: донирана здрава храна преку Црвен Крст и исплатен данокот на добивка

Објавено во: Мои пари 10 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Продолжувајќи ги своите активности, „Виталиа“ даде поткрепа на битката со корона вирусот во земјава, преку аконтативна исплата на целиот данок за добивка за 2020 година, во износ од 7.002.194 денари. Исто така, компанијата донира поголемо количество здрава храна на Црвениот Крст наменета за социјални најзагрозените семејства.

- Соочувањето со корона вирусот е предизвик којшто бара активно и посветено вклучување на сите членови во општеството, не само на државните институции. Ова е навистина тешка и исцрпувачка битка, и со намера да го поддржиме севкупниот медицински персонал, но и останатите служби, како полицијата и армијата, аконтативно го исплативме данокот на добивка. Освен што со заедничкото совесно однесување сите придонесуваме да се спречи ширењето на Ковид-19, секој од нас, во рамките на своите можности, треба да даде конкретна помош во оваа борба - истакнуваат од „Виталиа“.

Светската пандемија со корона вирусот драстично го промени начинот на којшто функционира секојдневниот живот, а тоа значи дека уште повеќе е зголемен ризикот во опстојувањето на најранливите општествени групи. Со цел и на нив да им се помогне, обезбедени се мусли, корнфлекс, оризови галети, колачи, екструдиран ориз и други здрави продукти од „Виталиа“, кои помагаат да се создаде посилен имунитет, што сега е неопходно за секого.

- Периодов, разбирливо е огромен дел од ресурсите како и најголем дел од енергијата да се посвети на спречување на ширењето на корона вирусот. Поради вонредната состојба, на лицата што се загрозени во нормални услови, треба да им се обрне посебно внимание. Како што наоѓаме начин да им помогнеме на најблиските, и покрај тоа што мораме да држиме безбедно растојание, така треба да најдеме начин да им дадеме поддршка и на сите што им е потребна. Волонтерите, како и целата организација на Црвениот Крст се вистинска инспирација за сите нас и за таа цел се надеваме дека оваа донација ќе им помогне да ја продолжат својата благородна мисија - велат од „Виталиа“.

И покрај сите препреки предизвикани од корона вирусот, компанијата периодов вложува максимални напори непречено и безбедно да произведува здрава храна со цел таа да биде достапна до широката популација, но и да овозможи поддршка таму каде што е најпотребна. За таа цел „Виталиа“ неодамна донира заштитна опрема и комплети здрава храна за медицинскиот персонал на Инфективната клиника во Скопје. Исто така, врши бесплатна достава на здрава храна за лицата над 60 години на територијата на целата земја.


Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“