29 Април, 2024
0.0274

ВЛАДА: Проблемот со затворената грчка граница многу брзо ќе биде надминат

Објавено во: Македонија 14 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Проблемот со се уште затворениот премин Богородица на границата со Грција ќе биде надминат многу брзо, велат од Владата во својот одговор на прашањето зошто грчките „рампи“ се уште останаа затворени за македонските граѓани, кои утрово поитаа да ја посетат таа соседна држава, по пауза од околу година и половина.

Оттаму велат дека станувало збор за административен проблем, и ова не важело само за Македонија, туку за сите гранични премини кои ги има Грција и кон останатите нејзини соседни држави. 

Инаку, премиериите на двете земји се во интензивна комуникација за надминување на проблемот. 

„Кабинетите на премиерите се во интензивна комуникација. Кажано ни е дека станува збор за административен проблем на сите гранични премини на Грција со сите нејзини соседни држави. Известени сме дека многу бргу ќе го надминат проблемот“, велат во брифингот од Владата. 

Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, објасни зошто грчките граници останаа затворени за македонските граѓани кои поитаа кон Грција уште рано утрово. 

Според него, се уште нема формална одлука на грчката Влада за отворање на границите, па затоа е направен тој застој на македонско - грчката граница.

Османи, денеска одговарајќи на новинарско прашање, рече дека македонските граѓани кои чекаат на граничниот премин нема на можат за ја поминат границата без формална одлука на Владата во Грција.

„Ние сме во очекување да се формализира намерата на Грција за отворање на границите и да можат да минуваат граѓаните“ вели Османи, кој ги повика граѓаните да се информираат преку официјалните соопштенија.

Граничниот премин „Богородица“ на грчко-македонската граница сè уште е затворен и не се пропуштаат возилата накај Грција, иако беше најавено и од грчка и од македонската страна дека денеска ќе биде отворен.

Како што Фактор веќе објави, а според официјална потврда од МВР, возилата не биле пропуштени затоа што вработените на грчките гранични премини се уште немале добиено официјално известување од грчката Влада дејка смеат да пропуштаат странски граѓани.

Одделнои медиуми јавија дека рано утрово биле пропуштени 50 возила, но потоа ненадејно тоа бил стопирано, и останала колоната од возила од македонските граѓани. 

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце