03 Мај, 2024
0.0302

Владата ги прави последните подготовки - кога ќе почне пријавувањето за инверторите

Објавено во: Македонија 16 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Владата ги прави последните подготовки со кои ќе го стартува системот преку кој граѓаните ќе можат да почнат да се пријавуваат за добивање на ваучери за инвертори. 

Предвидените 10 милиони евра, пак, на крајот на минатата година им биле префрлени на општините, кои ќе ја тераат постапката за доделување на ваучерите за овие уреди. 

Ова е одговорот кој Фактор го доби на барање на Владата до каде е постапката за распределба на ваучерите, преку кои државата ќе го субвенционира купувањето на инвертори.  

Но, во одговорот нема прецизен термин кога ќе почне постапката за аплицирање и кога првите ваучери ќе стигнат во рацете на граѓаните.

Се прават последните подготовки за стартување и ставање во функција на моделот за аплицирање на граѓаните. Средствата во износ од 10 милиони евра од добивката на ЕСМ уплатени во буџетот се префрлени на предвидените општини пред Нова година, односно на 30.12.2019 година“, велат од Владата за Фактор.

Инаку, како што веќе пишувавме, власта неодамна вети дека ваучерите за купување на овие уреди ќе стигнат на средината на месецов, откако, пак, претходно тоа се најавуваше за до крајот на минатата година. 
Зимата, пак, е во полн ек и ниските температури бараат сериозно загревање, а од друга страна, загаденоста на воздухот и натаму им создава сериозни проблем на голем дел од граѓаните, особено во најзагадените општини. 

Фактор ги праша надлежните институции до каде е постапката за распределба на ваучерите, зошто доцни, и кога тие конечно ќе бидат достапни за граѓаните. Односно, дали ќе биде покриен макар половина од змскиот период.

Инаку, 10-те милиони евра за ваучерите за инверторите ги обезбедија Електрани на Северна Македонија. Од компанијата за Фактор изјавија дека уште во декември лани ги префрлиле во државниот буџет 10-те милиони евра предвидени за оваа акција. 

На средината на декември, пак, Владата, на една од своите седници, одлучила 10-те милиони евра да им ги префрли на четирите општини кои се сметаат како најзагадени.

ЕСМ од Владата се задолжени да обезбедат јавна кампања, преку која населението ќе биде информирано за акцијата.

„Ние сме во тек на избор на субјект кој ќе ја изработи кампањата, а податоците ќе им бидат дадени од наша страна, од институциите, од Министерството за животна средина и слично“, велат од ЕСМ за Фактор.

Програмата, пак, по која ќе се спроведува акцијата за делење инвертори, заедно со сите документи, урнеци за апликација и слично, ја изготвува Министерството за животна средина. И конечно, тие програми треба општините да ги усвојат на своите Совети, за да можат врз основа на тоа да ја почнат акцијата. 

Инаку, ваучерите треба да се на износ од 1.000 евра, односно толку пари ќе добие секое семејство кое ќе купи инвертор и со него ќе ја замени печката на огревно дрво. Владината мерка предвидува 10 илјади семејства од Скопје, Тетово, Битола и Кичево да добијат вакви субвенции. Предност ќе имаат домаќинства со ниски приходи. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите