Владата на тежок испит, никој не знае колкави се и како ќе се средат долговите на општините
Објавено во: Економија 24 Септември, 2018
Ако има ребаланс на државниот буџет оваа есен, сигурно една од главните причини ќе биде издвојување на средства за да се консолидираат финансиски општините, особено оние најнедисциплинираните, кои се доведоа во ситуација да бидат со блокирани сметки, односно само да ги плаќаат основните тековни трошоци а не можат во ништо да инвестираат.
Официјални податоци нема, но кога ќе се сумираат сите претходни извештаи, изјави и документи, камати и друго, се смета дека вкупниот долг на сите локални самоуправи е околу 120 милиони евра. Според податоци, до средината на минатата година, најгоелеми должници се општините Охрид, Тетово, Карпош, Струга и Чаир.
Најголемиот долг е кон домашните компании-добавувачи, на кои им следуваат 95 отсто од долговоте. Охрид убедливо е прв со долг од 11 милиони евра....