17 Јануари, 2025
0.0347

Владата врши експропријација на црковно земјиште кај Љубаништа, иако Субрата не го сака?

Објавено во: Македонија 12 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Индискиот бизнисмен Субрата Рој се откажал од плановите да гради туристички комплекс во Љубаништа на површините што и припаѓаат на МПЦ и манастирскиот комплекс „Свети Наум“. И покрај ова, Владата одлучила да изврши експропријација на црковното земјиште со површина од 18 хектари, објави ТВ 24 Вести. МПЦ веќе го обжали решението пред Управен суд, но судот по него ќе одлучува по летната ферија. Министерството за финансии тврди дека вкупната проценета вредност на земјиштето изнесува 89.948.900 (1,4 милиони евра), односно нуди од 200 до 1500 денари за метар квадратен (од 3,5 до 25 евра) во зависност од конкретната парцела. Портпаролот на Македонската православна црква, митрополитот Тимотеј кој е управител на Дебарско-кичевска епархија, деновиве жестоко се спротивстави на одлуката на државата за одземање на земјиштето околу манастирот. „Ниту две ниту пет евра не е реална цена. Ај нека ни дадат тие на нас - еве ние сме подготвени да купиме ист квалитет на таква земја, на исто такво поднебје да ја купиме ние по истата цена која тие на нас ни ја даваат. Како и да е основно е дека ние не сме заинтересирани за продажба!“, вели Тимотеј. Индискиот милијардер Субрата Рој, кој имаше намера да гради туристички комплекс на овој имот, ги променил плановите откако разбрал дека се работи за црковно земјиште. Реализацијата на останатиот дел од туристичкиот комплекс ќе продолжи, информираат од претставништвото на „Сахара“ во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ЛА НИЊА НА НАЈЈАКО: Студ и снег ќе имаме и во следните месеци, можна појава на снег дури и во април!

ЛА НИЊА НА НАЈЈАКО: Студ и снег ќе имаме и во следните месеци, можна појава на снег дури и во април!

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс