27 Април, 2024
0.0274

ВЛАДАТА „ЗАРАБОТИ“ ТУЖБА ПОРАДИ АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО: Се бара јавниот обвинител да отвори истрага

Објавено во: Македонија 31 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Владата „заработи“ тужба поради аерозагадувањето.

Од адвокатското друштво Апостолски информираат дека утре ќе поднесат тужба против Владата на премиерот Зоран Заев, затоа што не ги имплементира мерките за борба против загадувањето.

„Повикуваме сите загрижени граѓани и невладини организации да се приклучат на
поднесувањето на тужбата утре -петок, 01.11.2019 во 12.59“, стои во соопштението испратено до медиумите. 

Адвокатското друштво Апостолски, информира дека тужбата против Владата со овластено лице Зоран Заев ќе биде поднесена пред домашните судови и пред Европскиот суд за човекови права, а поради повреда на правото на живот согласно член 10 од Уставот на РМ и Член 2 од Европската конвенција за човекови права, правото на здравствена заштита гарантирано со член 39 од Уставот на РМ и правото на здрава животна средина по член 43 од Уставот на РМ, се вели во известувањето кое ви го пренесуваме интегрално во продолжение:

„Република Македонија за жал, според Европската агенција за животна средина за аерозагадувањето во Европа е најлошо рангирана меѓу сите Европски држави, со најзагаден воздух во градовите. Скопје, Битола и Тетово се меѓу 10-те најзагадени градови во Европа во 2017 година. Според најновите анализи на Светската Здравствена Организација (СЗО), аерозагадувањето е главниот причинител на над 1.300 смртни случаи годишно, и зголемен број на лица со респираторни заболувања. Според анализите на Светска банка, аерозагадувањето ја чини државата околу 2.5% од годишниот БДП за дополнителни средства за здравствени услуги, или 300 милиони евра годишно. Владата на Република Македонија, иако донесе Програма за намалување на Аерозагадувањето не презема мерки или не ги имплементира мерките за борба против загадувањето. Со програмата Владата се обврза да го намали загадувањето на воздухот до 2020 во: Скопје до 50%, а во другите градови од 30 до 50%. Заради тоа утре во 12.59 ќе поднесеме тужба до Основниот граѓански суд во Скопје со која тужба бараме судот да утврди повреда на говенаведените права и дополнително да изрече мерки против Владата на РМ, односно функционирите во Владата на РМ- Зоран Заев, претседател на Владата на Република Македонија, министри, заменици министри, ржавни секретари, шефови на кабинети на министри, заменици министри и државни секретари, советници, координатори и други.Предложени мерки се намалување на плата на функционерите, забрана за користење службени возила, забрана на користење државни пари за службени појадоци, ручеци, вечери, како мерки кои најмногу би ги засегнале државните функционери за да почнат со имплементација на мерките согласно Програмата за намалување на Аерозагадувањето“, стои во соопштението. 

Предлагаат и Јавниот обвинител на РМ да превземе мерки согласно неговите
надлежности за утврдување кривична одговорност и веднаш да отвори истрага против
сторителите.

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов синоќа во интервју за ТВ 24 изјави дека загадувањето не исчезнува преку ноќ. 

Скопје деновиве беше во топ 10 најзагадени градови во светот. 

Можеби ќе ве интересира

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир

ОДГОВОРИТЕ ОД ПАРТИИТЕ ГИ ЧЕКААТ ДО ВТОРИ МАЈ, ПОТОА ЌЕ ГИ ОБЈАВАТ ЗА ГРАЃАНИТЕ САМИ ДА ОДЛУЧАТ ЗА КОГО ЌЕ ГЛАСААТ: Шанса за Центар со 18 прашања до партиите

ОДГОВОРИТЕ ОД ПАРТИИТЕ ГИ ЧЕКААТ ДО ВТОРИ МАЈ, ПОТОА ЌЕ ГИ ОБЈАВАТ ЗА ГРАЃАНИТЕ САМИ ДА ОДЛУЧАТ ЗА КОГО ЌЕ ГЛАСААТ: Шанса за Центар со 18 прашања до партиите

КОЈА Е ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА КОЈА ВО ПРВИОТ КРУГ ОСВОИ НАД 350 ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ? Втор пат ја трча претседателската трка, првиот пат изгуби од Пендаровски

КОЈА Е ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА КОЈА ВО ПРВИОТ КРУГ ОСВОИ НАД 350 ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ? Втор пат ја трча претседателската трка, првиот пат изгуби од Пендаровски

ТИЕ ШТО МОЖАТ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ СИ ИЗВАДАТ МИНИ ОДМОР: Први мај паѓа во среда, а велигденските неработни денови почнуваат од петок

ТИЕ ШТО МОЖАТ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ СИ ИЗВАДАТ МИНИ ОДМОР: Први мај паѓа во среда, а велигденските неработни денови почнуваат од петок