Владимир Ефтимоски реизбран за директор на Стопанска банка а.д. Битола
Објавено во: Финансии 15 Декември, 2021
Владимир Ефтимоски е реизбран за член и претседател на Управен одбор на Стопанска банка а.д. Битола.
„Врз основа на Одлука од Надзорен одбор и Решение за издавање претходна согласност од Народна банка за член и претседател на Управен одбор на Стопанска банка а.д. Битола повторно е назначен д-р Владимир Ефтимоски, стои во известувањето.
Истовремено, известуваат дека за член на Управен одбор на Стопанска банка а.д. Битола повторно е назначена д-р Наташа Несторовска.