Владиниот лирџет принудно слетал на скопскиот аеродром
Објавено во: Македонија 13 Ноември, 2019
Авионот на владината СОЗР кој се користи за летови и патување на државните функционери имал дефект и слетал принудно во итна постапка на аеродромот во Скопје, дознава Телма.
Вонредното “emergency” слетување на авионот од марка лирџет се случило околу 14:20 часот. Нема повредени, а во авионот немало патници туку летот го изведувала само посадата.
Дефектот на авионот бил бидејќи имало проблеми со предното тркало, кое се заглавило. По слетувањето авионот не можел да се движи по пистата туку бил извлечен, дознава Телма.