06 Мај, 2024
0.0246

Владиниот советник за енергетика Андонов бара од граѓаните и фирмите да продолжат со штедењето на струјата

Објавено во: Економија 06 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Соработникот за енергетика во Канцеларијата на претседателот на Владата Виктор Андонов на денешната прес-конференција упати апел до граѓаните да бидат спокојни, бидејќи, како што рече, финансиските средства се обезбедени, ликвидноста на АД ЕСМ е осигурана и струја ќе има за сите во текот на оваа зима.

Тој ја посочи енергетската транспарентност како врвен приоритет во справување со кризата и е исклучително важен принцип во правец на сочувување на стабилноста на енергетскиот систем.

„Состојбата во цела Европа е комплексна и секоја земја ги бара најоптималните решенија. Нашите позиции се јасни, работиме на зголемување на домашното производство и ги ставаме во погон сите енергетски капацитети во државата. Владата постојано ја следи состојбата на дневно ниво и ќе носи соодветни мерки за ублажување на последиците. Врвен приоритет е да се обезбедат најповолните услови и граѓаните да бидат заштитени“, подвлече Андонов.

Во оваа прилика соработникот за енергетика упати до сите граѓани да вложат максимални напори за штедење на електричната енергија со оглед на тоа што доаѓаат постудени денови. Тој информираше дека во октомври покрај добрите временски услови и намалениот конзум, голема улога одигра и штедењето на електрична енергија од граѓаните и институциите и дека во периодот што ни следува, имаме само еден избор, а тој е да штедиме и рационално да се однесуваме.

„Сега е време кога мора рационално да ги користиме енергенсите и да бидеме солидарни“, порача Андонов.

На прашањето дали и како ќе се санкционираат фирмите кои се префрлија на регулираниот пазар, Андонов истакна дека трендот на ваквите злоупотреби во текот на изминатата година за прв пат беше нотиран токму од државните институции, односно од страна на Регулаторната комисија за енергетика, и со овој тренд ќе се справуваат институциите преку соодветни мерки со кои би се спречила евентуалната злоупотреба на електричната енергија, за што јавноста најтранспарентно ќе биде информирана.

Можеби ќе ве интересира

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК