29 Април, 2024
0.0253

ИНТЕРВЈУ

Влаховиќ: Кога растот е мал, се троши повеќе за инвестиции, а не обратно

Објавено во: Економија 19 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Генот на Македонија и Србија е да се бараат странски инвестиции, а при тоа на властите не им е јасно дека предуслов за тоа е реализација на државните капитални инвестиции. Ако ние не трошиме за патишта, странски инвеститори нема да дојдат. Моја филозофија е дека секоја држава треба да троши од четири до шест отсто од својот Бруто домашен производ секоја годинана такви инвестиции, вели Александар Влаховиќ во интервју за Фактор. Тој е поранешен министер за економија и приватизација на Србија и познат по организирањето на „Копаоник бизнис форум“, познат како балканскиот Давос, на кој секоја година се собираат значајни светски имиња - од високи државни функционери и значајни бизнис лидери па до извршни директори на големи компании, банкари, професори.

Компаниите бавно се дигитализираат и тешко го фаќаат теркот со странските во развиените економии. Може ли да се направи значаен исчекор во оваа област?

Влаховиќ: Тоа е голема шанса особено за неразвиените земји и комплетно го менува целосниот мејнстрим во бизнисот. Дигитализацијата на стопанството е четврта индустриска револуција, но за да се постигне тоа не може да се прави директно само во бизнис секторот кај компаниите. Тоа се постигнува посоодветно преку системот на образованието за да се наметне една информатичка писменост уште од основните училишта. Тоа не е процес кој ќе влезе само во бизнисот и во реалниот финансиски сектор, туку во сите општествени пори, како во образованието, науката, културата и државната администрација. Важно е моментот да го препознаат и ИТ-компаниите со свој придонес, од кои потоа и самите ќе имаат бенефит, но исто така во тоа да бидат поддржани и од страна на владата. Информативно-комуникативната област во Србија има формирано невладина организација со иницијатива „Дигитална Србија“ со поддршка од српската влада која се обидува да објасни дека е неопходно да се имплементира овој процес во сите сегменти од општествениот развој.

Македонија и Србија не можат да се пофалат со големи и суштински странски инвестиции. Има ли простор да се постигне повеќе на ова поле?

Влаховиќ: Странските инвестиции се важни за развојот на Македонија, Србија и Балканот, но не се најважни. Паралелно со нивното привлекување треба да се води сметка и за домашниот сектор, пред се за малите и средни претпријатија кои се најголем „резервоар“ за вработување во Македонија. Земјата има половина млади невработени, а таргетот треба да биде да се најде работа за нив токму во овие претпријатија., Државата треба да продолжи да ги субвенционира странските инвестиции, но со одреден план со нив да развие одредени сектори, што значи да не прави само шаблонска алокација на средствата за субвенионирање туку тие да ги насочува во одреден правец на развој. По мене, треба да се субвенционираат и помагаат сите сектори кои креираат извозни производи и овозможуваат секундарно вработување во набавките, услугите итн. Траба да им се помогне и со една добра основа како инфраструктура, стабилни институции, стабилно законодавство, стабилна регулација. 

Ама тешко се постигнуваат домашните капитални инвестиции. Тие први се кратат со секој ребаланс на буџетот?

Влаховиќ: Генот на Македонија и Србија е да бара странски инвестиции, а при тоа да не им е јасно дека предуслов за тоа е реализација на државните капитални инвестиции. Ако ние не трошиме за патишта, странски инвеститори нема да дојдат. Моја филозофија е дека секоја држава треба да троши од четири до шест отсто од својот Бруто домашен производ секоја година. Србија претходните години, исто како што е ситуацијата на Македонија сега во 2018-та, потфрлаше и максимум што постигнуваше беше 3,4 отсто од домашниот БДП за основни капитални инвестиции. Треба да биде јасно дека инвеститорите сакаат атрактивни услови, а не само зелени ливади без приклучоци за достава, струја, гас и друго. Ова особено важи за години кога е проектиран мал раст на БДП. Кога не е предвидено растот да биде поголем од 4 отсто, државата треба уште повеќе да пренасочува средства за јавни инвестиции под засилен циклус, а не да не ги реализира ниту оние основните предвидени средства. 

Патот кон Европската унија колку што е блиску, толку е и далечен, особено поради политички односи во регионот. Каков е вашиот коментар во економско-политичка смисла за евроинтеграциите во Западен Балкан.

Влаховиќ: На патот кон Европската унија треба да се остане без застранување, но клучен момент е да се достигне тој европски стандард и без тоа се паѓа во вода. Никој не знае како ќе изгледа внатрешната структура на ЕУ за три, четири или десет години. За тоа време ние можеме само да се огледуваме на институциите на Гермнија и другите развиени европски земји, да се обидеме да ги примениме тие вредности и кај нас и да се сконцентрираме на заедничката регионална соработа како земји од Западен Балкан, бидејќи тука има голем простор за кои многумина уште не се свесни за тоа какви можности постојат. Тука е потребна една регионална економска зона која сигурно ќе го зголеми домашниот стандард. За тоа време Црна Гора веќе отвори 33 поглавја од преговорите со ЕУ, а Србија има 16 досега, но се плашам дека патот и натаму ќе биде макотрпен. Црна Гора затвори само две поглавја досега, а Србија има еден дополнителен камен околу вратот што се вика Косово. Ние во политичка и оперативна смиса се движиме натаму и се интегрираме, но во економска смисла и натаму заостануваме

Кога веќе споменавте модел на широка регионална економска соработка, како да се извлече повеќе во смисла на зголемување на меѓусебната трговија и соработка со соседите.

Влаховиќ: Економски ќе изгледа едноставно ако се земе моделот од 1989 на екс-југословенските земји, но политички е комплицирано. Има соседи кои веќе се во ЕУ и со нив може да се постигне таква соработка само ако и ние како земји од Западен Балкан станеме тамошни членки. Преостанува можност за регионална економска зона за западнобалканските земји, а добра е идејата и на српскиот претседател Александар Вучиќ да се направи една наша заедничка царинска унија. Сите декларативно дадоа поддршка и не знам зошто не се работи во тој правец бидејќи во моментов ЦЕФТА договорот не е обврзувачки и нема контролни механизми. Не треба да има бариери помеѓу нашите национални економии кои се такви што не си конкурираат едни на други

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа