07 Мај, 2024
0.0258

ВЛЕЗОТ НА БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ НЕ Е НИКАКОВ ПРОБЛЕМ: Екс премиерот Гергиевски вели премногу сме ги драматизирале работите

Објавено во: Македонија 19 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Ако некогаш сме требало да платиме толку мала цена и сме требале да направиме толку мала отстапка, тоа е сега. Значи влезот на Бугарите во Уставот не е никаков проблем, ниту од национален, ниту од државен ниту од каков било аспект, смета поранешниот премиер и претседател на ВМРО-Народна партија Љубчо Георгиевски.

-Нашата евроатлантска интеграција е јасно дефинирана од нашата географска положба. Нашата географија е Европа. Секоја друга екскурзија што сакаме да ја правиме како држава и како народ е непотребна дискусија. Факт е дека ЕУ е неконзистентна кон Македонија, но и кон други. но ние се соочуваме со оваа непринципиелна политика на ЕУ од времето на Бадентер кога само Македонија и Словенија беа посочени дека имаат право да бидат признаени како самостојни. Од тогаш наваму ние имаме  серија на постапки од страна на ЕУ кои можат да се водат како непринципиелни. За жал,  во целата таа постапка понекогаш и ние самите си го комплицираме проблемот со тоа што премногу ги драматизираме работите. Јас постојано велам ако некогаш сме требале да платиме толку мала цена и сме требале да направиме толку мала отстапка, тоа е сега. Значи влезот на Бугарите во Уставот не е никаков проблем, ниту од национален ниту од државен ниту од каков било аспект, рече Георгиевски во гостување на ТВ Телма.

Според него, од ова се прави драма и национална трагедија од типот, за жал, како што рече, не само од политичките партии  туку и од некои интелектуалци на кои треба да им веруваме. Ѓоргиевски при тоа го посочува претседателот на МАНУ, кој често пати дава изјави „ако влезат Бугарите во Уставот тоа е крај на Македонија“, за кои, тој не гледа од каде е мотивацијата за такви тешки зборови.

Тој ги коментираше меѓусебните обвинувања меѓу власта која ја обвинува опозицијата за застојот во евроинтеграциите поради блокадата на уставните измени кои ги посочуваат како единствен услов за отворање на кластерите и од друга страна опозицијата која тврди дека за тоа се виновни криминалот и корупцијата и неспровдувањето на реформите. Рече дека „ниедна влада досега па ни неговата не била идеална“, но дека важна е генералната политика која треба да доведе до влез во ЕУ што ќе овозможи поголема контрола и посветеност на постигнување на стандардите“. 

-Мене ми е жал што ВМРО-ДПМНЕ навистина се доведува во ситуација втор пат за 10 - 12 години, еднаш 2008 година кога директно Буш стоеше зад нас да влеземе во НАТО. Ако влезевме во НАТО после пет години ќе влезевме и во ЕУ и ние денеска 10 години ќе бевме таму. Една изгубена карта води серија на други губитоци и ние дојдовме сега кај што сме. Да, проблем е и корупцијата на актуелната власт и правдата што требаше да ја донесат во правниот систем во Република Македонија, меѓутоа јасна е позицијата на ЕУ, не си ја завршивте задачата, не го променивте Уставот, ќе чекате нова шанса, вели тој.

Прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе влезе во техничката влада за него е само празна реторика. 

-Мислам дека треба партиите треба да се договорат, после наредните избори прашањето на техничката влада да отпадне. Тоа беше направено специјално за Владата на Никола Груевски и таа става дамка на македонската демократија. Приказната дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во ова или не е празен муабет, нешто како тие не сакаат а нивните аналитичари ги молат „влезете да ги контролирате изборите“. Тоа е технички, нека биде гаранција дека ќе имаме фер избори и да го оставиме тоа зад нас, кажа Ѓоргиевски.

Тој го изнесе и својот став во однос на изборот на Талат Џафери за технички премиер .

-На времето да се спомне Албанец премиер беше големо табу. Како што минува времето гледаме сите тауба повеќе и побзро паѓаат. Јас морам да кажам, ако не е оваа малку коруптивна криминална димензија на некои албански политичари, дури сметам дека Албанците се денеска можеби еден од посериозните државотворни фактори во македонското општество. Не можам да ги фалам за некои нивни бизнис проекти меѓутоа нивното однесување кон Македонија како држава мислам дека во овој момент е ок и треба да го цениме тоа, оценува Ѓоргиевски.

МИА

Можеби ќе ве интересира

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

„ОВА ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПРИТИСОК И ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА“ - Боки 13 повикан во полиција во врска со пријавите за загрозување на безбедност

„ОВА ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПРИТИСОК И ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА“ - Боки 13 повикан во полиција во врска со пријавите за загрозување на безбедност