05 Мај, 2024
0.0336

ВМРО - ДПМНЕ: Притворените патриоти и пратениците не се терористи

Објавено во: Македонија 20 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

ВМРО - ДПМНЕ преку соопштение испратено до јавноста, уверува дека не постои никаква правна основа патриотите притворени за настаните поврзани со 27 април да бидат задржани во истражниот затвор. 

Од партијата велат Дурловски, Илиевски, Јовановски, Чавков, Дамовски и останатите притворени патриоти, како и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не се терористи и не сториле терористички акт за да може да го повторат делото што им се става на товар.

„Повеќе од три месеци Илиевски, Јовановски, Чавков, Дамовски, Мукоски и другите се држат во притвор само затоа што гласно се спротивставија на плановите на оваа  анти-реформска Влада за редефинирање на државата. Владата ги злоупотреби правосудните органи. Судовите не се ни трудат да ја запазат правната постапка целосно уривајќи ги угледот и честа на самите институции кои треба да дејствуваат независно од извршната власт. Законите мора да важат подеднакво за сите, а не да се применува селективна правда. Политичкиот реваншизам и малтретирање луѓе кои размислуваат поинаку од СДСМ мора да запре. СДСМ и Зоран Заев мора конечно да сфатат дека во Република Македонија постојат луѓе кои секогаш ќе се спротивставуваат на која било деструктивна политика на оваа Влада“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозицијата заклучуваат дека правосудните органи треба да знаат дека мерката притвор е мерка за обезбедување на присуство, а не мерка која треба да се користи за изживување врз политичките неистомисленици.

Можеби ќе ве интересира

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца