ВМРО-ДПМНЕ бара одземање на „Рекет“ од Рускоска, а СДСМ ја бара трагата на поттикнувачите
Објавено во: Македонија 09 Август, 2019
ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од премиерот Зоран Заев и од одземање на случајот „Рекет“ од обвинителката Вилма Рускоска која според нив го изгубила кредибилитетот.
СДСМ, од друга страна, ја обвини опозицијата дека е вклучена во предавањето на материјалите на италијанскиот весник кој ги објавува „бомбите“.
Генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ, Игор Јанушев побара итна акција од Обвинителството, одговорност од обвинителката Вилма Рускоска и нов обвинител кој ќе го води случајот.
За власта снимката е причина повеќе да се забрза истрагата и да се влезе во трагата на поттикнувачите и организаторите на овој случај, зад кои, според СДСМ, стојат лица поврзани со опозициската партија.