02 Мај, 2024
0.0288

ВМРО-ДПМНЕ бара Владата да исплаќа половина бруто-плата на засегнатите работници и да се купуваат македонски производи

Објавено во: Економија 20 Март, 2020

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ денеска во една од предожените мерки побара Владата да ги исплаќа половина од бруто-платите на вработените во загрозените дејности кога ситуацијата со корона вирусот е критична. Антонијо Милошоски рече дека најголемата опозициска партија е свесна дека ова барање бара од државата да обезбеди многу пари, но и дека истовремено не е невозможно да се спроведе.

„ Да се замрзнат обврските на компаниите кон банките и да не ги плаќаат обврските кон државата, Владата да ги сторнира каматите по однос на компаниите за месец март, а и за месец април ако е потребно. Да се исплаќаат трошоците на вработените во висина од 50 отсто од бруто-платата кај погодените бизниси. Знаеме дека овој план изискува многу средства, но ако не, понатаму ќе има многу потешки последици. Субвенции од страна на држабвата ќе бидат потребни и за подоцна. Тоа е за малите, средни и големи да ја задржат дејноста и да не стават клуч. Ако Владата ги одржи во живот, тогаш после кризата тие ќе можат да и помогнат. Ова се добронамерни мерки, а ја повикуваме вицепремиерката Мила Царовска и министерката за финансии Нина Ангеловска да ги посетат фабриките во слободните економски зони кои изработуваат автомобилски делови и да видат непосредно што им е потребно, рече Милошоски на денешната прес-конференција пред седиштетео на ВМРО-ДПМНЕ.

И лидерот Христијан Мицкоски во своето последно интервју рече дека државата може да исплати половина бруто-плата на работниците во засегнатите сектори во приватниот бизнис.

- Мора да им покаже на сопствениците на бизнисот дека стои зад нив, и дека е подготвена да сноси половина од бруто трошоците за вработените, изјави Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ побара ново задолжување на државата на странските финансиски пазари и да ја активира еврообврзницата од 400 милиони евра и да се интервенира во државните резерви кои бројат три милијарди евра.

Генералниот секретар Игор Јанушев во меѓувреме побара од граѓаните да бидат солидарни и да купуваат македонски производи. 

„Но, ако владата молчи, сите ние можеме да помогнеме. Купувајте македонски производи за да спасиме работни места, само така можеме да си помогнеме себе си, и на останатите, затоа што ја сакаме Македонија!“, напиша денеска Јанушев на Фејсбук.

Слична порака ден претходно упати Милошоски.

„Корона-кризата се заканува да И нанесе здравствена, но и голема стопанска штета на Македонија. Затоа во овој кризен период, но и потоа КУПУВАЈТЕ МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОДИ! Да им помогнеме и како поединци на нашите домашни производители, даватели на услуги, фабрики, мали стопанственици и средни претпријатија. Македонската економија е еден од столбовите на стабилноста на државата!“, објави Милошоски.



Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности