ВМРО-ДПМНЕ ја објави аферата: АД Славија се продава за 218 илјади евра
Објавено во: Македонија 20 Декември, 2021
Димче Арсовски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, објави дека власта преку Агенцијата за конфискација на имот, сака да ја продаде АД Славија за 218.535 евра, иако имотот, како што тврди гласноговорникот на најголемата опозициска партија, вреди над 20 милиони евра.
ВМРО-ДПМНЕ се сомнева дека купопродажбата која ќе биде извршена во последните денови од годинава ќе биде во корист на бизнисмен близок до власта и до премиерот Зоран Заев.
„Власта сака да ја продаде АД Славија, која има вредност од над 20 милиони евра. Власта сака да го продаде целиот имот за 218.535 евра. Станува збор за 4.285 акции по цена од 51 евро на само два дена пред Нова Година.
Никаде Владата нема направено нова проценка согласно законските и етичките обврски за да се утврди колку чинат објектите и останатиот имот. Ниту диртекторот на АД Славија, ниту Агенцијата за одземен имот, ниту на Владата не им текнало да направат проценка.
Ова е за блиски луѓе бизнисмени да можат да ја купат за малку пари. Ако се направи проценка, таа вреди повеќе од 20 милиони евра и ако се одбие долгот од 4-5 милиони евра, може да се продаде за 15 милиони евра“, рече Арсовски.