26 Април, 2024
0.0279

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да му честитаме на Заев, ЕУ да одреди Датум што поскоро

Објавено во: Македонија 25 Март, 2020

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција објави дека нема да му честита на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за одобрувањето на преговорите за Македонија од страна на ЕУ и побара Брисел што побргу да го одреди точниот датум за започнување на отворањето на поглавјата.

„ВМРО-ДПМНЕ уште во текот на вчерашниот ден, а и денеска ја поздрави позитивната одлука на Советот на министри на Европската Унија, но воедно очекуваме час поскоро да се дефинира и датумот на кој што ќе се започнат и преговорите и отворање на поглавјата за пристапување кон Европската Унија и Република Македонија да биде рамноправна членка. Што се однесува на дилемата што ја поставуваат од СДСМ, дали планираме на Зоран Заев да му честитаме, одговорот е краток и јасен, а тоа е – не, затоа што нема зошто“, изјави портпаролот Димче Арсовски на денешната прес-конференција.

Гласноговорникот на најголемата опозициска партија вели дека Заев го нема монополот на заслуги за одобрувањето на преговорите од страна на министерскиот совет на ЕУ и дека засега, како што вели тој, направен е „само получекор“. Дополни дека Заев треба да се погрижи што побргу за борбата против криминалот и за заштита против корона-вирусот.

„.Заев има поприоритетна работа пред себе освен тоа да диктира и да прашува кој честитал, а кој не, а тоа е 12 проценти од  заболените со корона се доктори. Тоа значи дека се незаштитени самите доктори кои што се борат против короната, не се заштитени во својата работа и работат, голорако. Самиот признава дека 60 проценти од приходите во буџетот нема да се реализираат. Во истиот тој буџет за кој што до вчера велеше дека е солиден и компактен. Нека ги засука ракавите и нека почне да решава проблеми. Баталете сите таму во СДСМ и Владата ПР, баталето го, посветете се на работа, има поприоритетни работи за реализација. Што се однесува за Европската Унија, по изборите граѓаните можат да бидат сигурни дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја стави Република Македонија на брза трака на реформи и ќе направи прогрес кој ќе биде препознаен од европските партнери“, додаде Арсовски.


Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство за да студираме во Софија, се грижеше како за свои деца“

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство за да студираме во Софија, се грижеше како за свои деца“

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски заради неговиот коментар за малиот број гласови на Стевчо

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски заради неговиот коментар за малиот број гласови на Стевчо

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?