05 Мај, 2024
0.0264

ВМРО-ДПМНЕ: Николовски излажа дека ги зголемиле субвенциите за замјоделците

Објавено во: Македонија 17 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ го искритикува министерот Николовски за дадениот отчет за сработеното во првите 100 во кои според нив не е направено ништо ново, зголемени се проблемите, има многу незадоволни земјоделци, а лошо беше менаџиран процесот на гасење на големите шумски пожари. 

Додека земјоделците протестираа и родот го фрлаа на ѓубриштата, министерот за земјоделство Љупчо Николовски шеташе по луксузните туристички места низ светот, велат во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

„Љупчо Николовски на својот отчет немаше што да каже дека сработил за сто дена од неговото министерување па мораше да се фали со мерките и проектите на ВМРО-ДПМНЕ. Во отчетот Николовски излажа дека ги зголемиле субвенциите за замјоделците, бидејќи со ребалансот на Буџетот за 2017-та изгласан од пратениците на СДС износот за субвенции беше намален за 100 милиони денари. Субвенциите не се целосно исплатени, а рокот за исплата на субвенциите за 2016 година беше до крајот на јуни месец оваа година“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од најбројната партија во Собранието велат дека Николовски е најмногу загрижен за партиските вработувања во неговото министерство.

„Додека кратеше од секоја ставка за доброто на секој земјоделец, единствено каде што има покачување со Ребалансот на Буџетот е во ставката за вработување на министерството. Граѓаните го гледаат ова неодговорно работење од Владата на СДС и тие својот суд за ваквото расипничко владеење ќе го дадат на 15 октомври, каде што СДС ќе доживее катастрофален пораз на престојните локални избори“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ


Можеби ќе ве интересира

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца