08 Мај, 2024
0.0309

ВМРО-ДПМНЕ: Новата власт рекордно се задолжи 4,5 милијарди денари

Објавено во: Македонија 24 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ повторно ги посочи премиерот Заев и министерот за финансии Драган Тевдовски за аукциите на државни записи со кои според нив се зголемувала задолженоста, а не се работи на ништо корисно за граѓаните, ниту пак се исполнува тоа што е ветено.

- Згора на се, со предложениот ребаланс на буџет „домаќинската влада“ предвидува задолжување на државата за 150 милиони евра кои се повеќе од планираното. Тевдовски и Заев досега успешно ја туркаат државата во долгови. Тевдовски и Заев сакајќи да ја оправдаат својата лага дека владата на ВМРО-ДПМНЕ оставила наводен скриен долг од 1 милијарда евра излегоа на прес конференција каде нафрлија долгови на единици на локални самоуправи, локални јавни претпријатија. Скандалот да биде уште поголем тие во оваа манипулација искористија и обврски кои се уште не се доспеани за наплата, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата потенцираа дека неспособноста и дезориентираноста на министерот за финансии, Драган Тевдовски е очигледна, што претставува дополнителна опасност по целокупната држава.

- Министерот за финансии во рекордно време успеја да создаде долг од над 4,5 милијарди денари само по основ на аукции на државни записи. Граѓаните сакаат да имаат увид каде одат нивните пари и зошто државата се задолжува со толку огромни суми на пари. Време е владата на СДС сериозно да си ја сфати работата и да започне да работи на исполнување на дадените ветувања за минималната плата од 16.000 денари, просечната плата од 30.000 денари, плата од 100.000 денари за докторите. Граѓаните не се должни да ги плаќаат со свои пари луксузите, октоподите, морските плодови, цвеќињата, партиските вработувања и вдомувањата на соросовите платеници, велат од ВМРО-ДПМНЕ.


Можеби ќе ве интересира

ВТОР КРУГ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ: Колку гласови се потребни за победа?

ВТОР КРУГ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ: Колку гласови се потребни за победа?

ПОМИНА ВЕЛИГДЕН: Уште колку дена имаме фора за да ги изедеме вапцаните јајца?

ПОМИНА ВЕЛИГДЕН: Уште колку дена имаме фора за да ги изедеме вапцаните јајца?

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Mожaт да гласаат оние со лични документи чија важност завршила пред 9 месеци

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Mожaт да гласаат оние со лични документи чија важност завршила пред 9 месеци

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа