18 Мај, 2024
0.0339

ВМРО-ДПМНЕ: Партија како СДС не заслужува да ја води државата

Објавено во: Македонија 31 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Партија како СДС што единствено се служи со интриги, манипулации и деструкција со цел да има одреден бенефит партиски и личен, не заслужува да ја води државата. Граѓаните не сакаат да бидат водени од манипуланти, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Според нив, СДС вчера го манифестираше својот страв и антидржавното делување со одбивање на предлогот да се изгласа во итна постапка датумот за одржување на локални избори и да се продолжат мандатите на градоначалниците и советите на општините и градот Скопје.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека граѓаните имаат право на ефективна локална самоуправа која ќе им биде на располагање и ќе реализира проекти во нивна полза.

„СДС со ваквото свое дејствување прави срамен преседан и го загрозува нормалното функционирање на единиците на локална самоуправа. СДС ги доведува во прашање исплатите на платите на вработените во општинската администрација, функционирањето на јавните претпријатија формирани од општините, детските градинки, основните и средни училишта, противпожарните служби, но и го оневозможува издавањето на разни дозволи и одобренија, кои ги потпишуваат градоначалниците или претседателите на совет. Со одолговлекувањето и пролонгирањето на процесот за одржување на редовните локални избори, СДС ќе сноси директна вина и за секоја друга штета што ќе се јави како последица на таквото пролонгирање. СДС ќе сноси директна вина и за економската стагнација која е можна да се случи во оделни општини или државата во целост. СДС се свесни за штета која и ја причинуват на државата, но поради тесно партиски интереси го жртвуваат нормалното функционирање на државата. Граѓаните го гледаат тоа и за тоа ќе ги казнат на избори“- реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.  

Граѓаните сакаат одговорни политичари, а СДС треба да се охрабри и заедно со локалните да распише и предвремени парламентарни избори, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност