05 Мај, 2024
0.0250

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов се посрамоти во недостиг на вистински проекти

Објавено во: Македонија 17 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ излезе со жестока критика на денешниот промотивен настан организиран од градоначалникот Петре Шилегов кој ја врати во функција автобуската постојка во ГТЦ со журка и диџеј, како и брендиран автобус со Живко Поповски, архитектот на застарениот трговски центар.

„Наместо нови асфатлирани улици, нови паркови и зелени површини, наместо нови водоводи и канализации градоначалникот Петре Шилегов срамно се фали со тоа што пуштил во употреба простор кој ќе биде автобуска станица во ГТЦ.

Во недостаток на вистински проекти Шилегов се посрамоти. Забеганоста оди дотаму што за врвно достигнување во неговата работа се смета просторот наменет за автобуската станица, и згора на тоа организирал и музика. Целиот овој настан спаѓа во рубриката верувале или не.

Ќе му порачаме на градоначалникот Шилегов да ги засука ракавите и да започне со вистинска работа и проекти. Сигурно нема да го врати животот на ГТЦ како што тој вели со нова автобуска станица. По искривената логика на Шилегов, причината поради која ќе заживее ГТЦ е редењето на автобуска станица во ГТЦ, и обезбедувањето на тој начин поголема бројност со луѓе, тогаш по истата таа негова логика и преселувањето на скопското зелено пазарче во ГТЦ би донело уште поголема бројка на луѓе. Но реалноста е дека за заживување на ГТЦ не е потребна автобуска станица, ниту ново пазарче, туку темелна реконструкција“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

За да може автобусите со број 50 и 57 повторно да поминуваат под ГТЦ ќе мора да се пуштат единечните кратки автобуси наместо двокатните кои се со поголем капацитет за превоз на патници.


Можеби ќе ве интересира

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско