07 Мај, 2024
0.0241

ВМРО-ДПМНЕ: Власта ја направи Македонија земја со најмногу терористи на жител

Објавено во: Македонија 24 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Јавното обвинителство и судот без никакви вистински, правни аргументи тргнле во конструкција на непостоечки случај за тероризам и ја посрамотиле државата ставајќи ја на мапата на држави со најмногу терористи по глава на жител, соопшти опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

- Без никаква правна основа прогласија за терористи актери, режисери, оперски пејачи, архитекти, доктори, припадници на безбедносните сили и други патриоти чиј единствен грев е тоа што си ја сакале сопствената земја. Ублажувањето на мерката притвор, од ефективен во куќен, за само дел од неправедно приведените не е правда = сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, правдата ќе биде задоволена кога сите ќе бидат ослободени и ќе биде отфрлена и квалификацијата „тероризам“. ОД ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека остануваат уште три дена до истекот на третиот месец од неправедното притвaрање на патриотите кои имаа храброст гласно да говорат против антидржавните политики

- Јасно е дека нема никаков основ за натамошно задржување во притвор, освен доколку не се работи за нарачан прогон и тортура врз неистомислениците. Тоа се гледа и од фактот што патриотите кои беа сега ослободени, нивните жалби се разгледуваа и усвоија дури после 25 дена откако беа поднесени по изрекувањето на 30-те денови притвор - порачуваат од најголемата опозициска партија.

Партијата смета дека судот и јавното обвинителство не смеат веќе да си поигруваат на овој начин со приведените патриоти.

- Дурловски, Илиевски, Дамовски, Чавков, Божиновска, Мукоски, Тарчуловски, Николовски, Пешевска не се терористи. Тие се патриоти кои поради својата љубов кон Македонија станаа мета на актуелната власт. Повеќе од 90 дена притворот на овие луѓе беше користен како казна, а не како мерка на претпазливост. Тие се притворени без да биде исполнет ниту еден услов за таква мерка. Ова е пример за тортура и газење на основните принципи на демократијата - се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата бара запирање на политичкиот прогон во Македонија, судството да се ослободи од стегите на власта, а обвинителството да запре со монтираните неосновани обвиненија.


Можеби ќе ве интересира

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта