05 Мај, 2024
0.0296

ВМРО НАПАДНАТА, СУДОТ ПОСЛЕДЕН БЕДЕМ: Нема притвор за ниеден обвинет!

Објавено во: Македонија 02 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Судска фарса или слабо подготвени обвиненија? Зошто судот не прифаќа ниту една од бараните мерки притвор на СЈО?

Судот им одреди мерки на претпазливост на вкупно 30 лица, а на 24 им ги одзеде пасошите. Денеска се чека одлуката и за екс премиерот Груевски, екс министрите Јанакиески и Јанкуловска,  и екс шефот на УБК Мијалков, во предметите„Титаник“ „Таргет“ и „Тврдина“ кои се споени во еден обвинителен акт.

Досега без пасош останаз поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска, обинета во предметот „Тендери“, поранешниот вицепремиер, Владимир Пешевски, обвинет е во предметот „Траекторија“ за изградба на патниот правец Миладиновци – Штип. Без пасош ќе остане и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски, обвинет во истиот случај. 

Драган Павловиќ Латас и Ивона Талевска се обвинети за даночно затајување во предметите „Тифани“ и „Тотал“. Кривичниот совет одлучил дека има основ да им се одземат пасошите.

Без пасош остана и Ѓоко Поповски, помошник во Министерството за внатрешни работи, обвинет во предметот „Триста“ за злоупотреба на службената положба при набавка на возила. 

На градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, му се одзема пасошот и има обврска секој работен вторник да се јавува во судот. (ТНТ)

Мерки на претпазливост има за пет лица и во предметот Топлик за продажба на градежна парцела за изградба на населбата „Сончев град“, на еден обвинет во предметот „Трезор“ за набавка на опрема во МВР. Обвинението за „Тарифа“ односно набавка на софтвер во АД ЕЛЕМ, им носи мерки на претпазливост на три лица. Поради бесправно градење на викендици во општина Зелениково, на две лица ќе им бидат одземени пасошите и ќе мораат секој понеделник да се јавуваат во суд. 

Седум лица од „Тортура“ се обвинети за сурово постапување при апсењето на Љубе Бошковски,  петмина од обвинетите еднаш неделно ќе се јавуваат во суд, а на еден од обвинетите му определи забрана да контактира со другите лица од обвинението.

Експертите сметаат дека судот спроведува различни аршини кога се во прашање предмиетите на СЈО и дека тука лежи главната причина зошто ниедно звучно политичко име не доби притвор. Тоа според нив е логична последица на инсталациите на бившата власт во судството. Според нив повикот на Груевски за одбрана на ВМРО, всушност најмногу беше насочен во судството, кој сега е последниот бедем на „нападнатата партија“. Како понатаму? Според познавачите „правдата е бавна но достижна“ ќе го обележи и следниот период, особено што промените ќе доаѓаат системски а не кампањски, па може да се очекуваат долги судски процеси, кои на крајот може да резултираат со праведен финиш.

Можеби ќе ве интересира

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче