01 Мај, 2024
0.0388

Внатрешноста ќе се спасува од комарците викендов, а што чека град Скопје?

Објавено во: Македонија 15 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Оваа недела Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, во соработка со десетте општини од регионот, организира авио-третирање против комарци. Предвидени се две прскања на територија од 5.741 хектари. 

Од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги известуваат граѓаните на општините Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село, Радовиш и Струмица дека првото прскање е планирано да се изврши в недела (17 јуни) во раните утрински часови, односно, во периодот од 04:30 до 09:30 часот.

Оттаму посочуваат дека доколку временските услови не дозволат да се реализира прскањето, истото ќе се спроведе на 18 јуни годинава во истиот временски период.

Меѓудругото ги известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период. 

Прскање и во Куманово

Општина Куманово ги информира граѓаните дека утре, во раните утрински часови ќе изврши авионско прскање против комарци на подрачјето на општината. Оттаму апелираат до пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите.

Во случај да не се изврши авионско прскање поради неповолни временски услови, дезинскецијата ќе се одложи за наредниот ден, за што кумановци дополнително ќе бидат информирани.

За три авионски прскања општина Куманвоо одвои 1, 8 милиони денари. Авионската дезинсекција ќе се спроведе во три наврати до крајот на сезоната, информираат од општината.

Што се чека во главниот град?

Излезете надвор приквечер посебно околу деловите на реата Вардар нема да се приберете дома без да ве касне комарец. Но, не само таму. Досадните инсекти и разни мушички ги има речиси насекаде.

Граѓаните се прашуваат зошто надлежните на градот досега не преземаа нешто по ова прашање. Се вадат дека прскањето доцни од процедурални причини, а јавната набавка е почната од 19 февруари. Оттаму додаваат дека за првпат побарале и мислење од страна на соодветна здравствена институција околу средството кое ќе се употреби за прскање.

– Се очекува да помине рокот за жалби и да се склучи договор со субјектите кои треба да го извршат во согласност со програмата, усвоена од Советот. Прскањата против комарците вообичаено се реализираат во овој период од годината и очекуваме веднаш по завршувањето на административните постапки да се спроведе и аеросолното и терестичното прскање – информираа од Град Скопје за дел од медиумите пред неколку недели.

И додека тие чекаат , Скопјани ќе голтаат мушички и ќе бркаат комарци додека возат или се рекреираат покрај кејот на Вардар.

Можеби ќе ве интересира

Починатата девојка во Штип била ќерка на жената која уби и запали маж во Кавадарци

Починатата девојка во Штип била ќерка на жената која уби и запали маж во Кавадарци

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел

Мандатот за составување Влада ќе го дава новоизбраниот претседател

Мандатот за составување Влада ќе го дава новоизбраниот претседател

Ковачевски го одби условот на Димитриевски за коалицирање: Ние не сме човек-партија

Ковачевски го одби условот на Димитриевски за коалицирање: Ние не сме човек-партија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски