29 Април, 2024
0.0243

ВНИМАНИЕ: Пронајден е отров во сируп за деца

Објавено во: Стил 23 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Некои од сериите на сирупот за намалување на температурата кај децата, Ефералган од 90 мл, е повлечен од продажба во сите аптеки во Србија. Истиот лек го има и во Македонија, а не е официјално потврдено дали е повлечен од продажба.

Лекот е повлечен од продажба поради откриени полиуретански четички во опремата за пакување, потврдуваат и дистрибутерите на сирупот.

Од продажба се повлечени серија лекови кои имаат рок на употреба заклучно со октомври 2018 година, и тоа П-1447, П-2581, П-4737, П-л6007 П-8419, П-9468, Р-1794, Р-1767, Р-2228, Р-2686, Р-3180.

Повлекувањето на лекот било направено како мерка на претпазливост,  на барање на производителот, откако фабриката забележала неправилности во пакувањето.

Спорниот сируп се купува во аптеките без рецепт, а наменет е за намалување на температурата и смирување на благите и умерени болки кај децата кои имаат од 4 до 32 килограми. Несаканите ефекти може да се црвенило, алергиски реакции, замор.