14 Мај, 2024
0.0269

Внимавајте: Шминките можат да им наштетат на очите

Објавено во: Стил 03 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Во денешно време шминките стануваат безбедни, но можат да бидат и многу штетни, ако не се внимава.

Најчестите проблеми кои можат да не доведат до неквалитетни шминки се: иритација на очите и блефаритис - воспаление на очните капаци. Последици кои може да се многу сериозни.

Најголем процент проблеми со очите се јавуваат како последица на користење на сенки или очна линија.

„Непотребната шминка не само што предизвикува непријатност, туку може да доведе и до хронични инфекции“, изјавил за списанието „Ола“ д-р Фернандо Јове.

Агресивните козметички производи, ако бидат ставени на очите, можат да предизвикаат кинење, црвенило или појавата на хроничен јачмен.

Д-р Јовет советува да се прегледуваат состојките на производите кои ги купуваме, особено на оние кои се ставаат директно на очите. Ако човек е со чувствителни очи, задолжително треба да се посоветува со лекар за состојките на козметичките производи. Ова е неопходно за да се избегнат долготрајните проблеми со видот. Сите производи треба да имаат етикета со состојките и инструкции за правилна употреба.

На пример, седеф сенки за очи содржат блескави пигменти, кои можат да бидат штетни за очите, и да предизвикаат јачмен, иритација и конјунктивитис, кој може да стане хроничен.

Друг совет на д-р Јовет е да не се даваат шминките на други луѓе, како и да се почитуваат максимални хигиенски норми.

Едни од најпознатите хемикалии кои се користат како конзерванси во козметичката и фармацевтската индустрија се „paraben“-(Parabens). „Paraben“-може да се најде во шампони, пасти за заби, креми, маски за лице, козметика за коса, лак за нокти, дезодоранси, гелови за бричење, лубриканти, спрејови за тен, итн.

kozmetika10

Истражувањето покажува дека „parabenot“- е откриен во примероци од тумори на дојка. Постои верување дека „paraben“-во дезодорансите и други козметички производи мигрираат во ткивата на дојката и придонесуваат за развојот на тумори. „Paraben“-доведува до хормонално пореметување.

Употребата на шминки надвор од рокот на траење може да ви предизвика осип на кожата, чешање и црвенило. Во одредени случаи, корисниците добиваат алергиски реакции како и на крајот може да се стигне и до посета на итна помош. Најдобро е шминката да се менува на секои два месеци.