ВО АЕРОДРОМ ЦЕНИТЕ НА НОВИ СТАНОВИ ОД 850 ДО 900 ЕВРА - Трајковски ветува коректни цени за сите граѓани
Објавено во: Македонија 03 Септември, 2020
И покрај корона кризата, не беше забележан некој застој во продажбата на становите, вели директорот на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, Кристијан Трајковски.
„Напротив, има две комерцијални градби кои ова АД веќе ги гради во Аеродром, а ќе имаме уште неколку комерцијални градби во текот на наредната година, така што, штом АД за стопансисување со станбен простор интензивно работи на изградба на станови од комерцијален тип, мислам дека побарувачката на станови ќе биде на ниво на претходно“, рече Трајковски.
За цената на становите, за една од зградите во Аеродром што ги гради ова АД, рече дека се движи од 850 до 900 евра. Бидејќи купувањето на становите оди преку јавна лицитација, не може да се каже точна бројка за цената на становите.
„АД за станбен простор сепак е регулатор на пазарните цени на комерцијалните станови и во наредниот период ќе им помогнеме на сите наши граѓани да дојдат до коректни цени на становите“, нагласи Трајковски.