Во Босна создадоа населба само за чистачи
Објавено во: Балкан 28 Октомври, 2016
Локалните жители во Босна и Херцеговина се лути, бидејќи им е забрането да влегуваат во еден комплекс, освен ако не се работници и чистачи, пишува британскиот весник. „Експрес".
Комплексот има засилени мерки за безбедност, опкружен е со високи ѕидови и има порти за влез во него. Локалните жители сметаат дека е нелегално странци да купуваат дел од земјата, а потоа да им забранат да влегуваат. Има информации дека во комплексот живеат само жени со деца, а мажите им доаѓаат многу ретко.
Инвеститори од Блискиот Исток изградиле 160 луксузни куќи во близина на градот. Тарчин, кој се наоѓа недалеку од главниот град Сараево.
Агент за недвижности за локалните медиуми изјави дека сопствениците не сакаат да се мешаат со локалното население. Тие имаат свои традиции, кога станува збор за облека, однесување и молитва, и не сакаат другите луѓе да гледаат во нив.
„Ние сме муслимани, но се молиме во своите домови и во џамиите, и сме секуларна држава. Тие се различни од нас“ - вели локален аптекар.
Веста за арапското село е продолжение на откритијата од минатата година дека екстремисти од Исламска држава (ИД) создале упориште во живописното село во копното на Европа, каде што секој е „подготвен да одговори на повиците за џихад."
Парцели во Покрај, Босна и Херцеговина, биле купени од борци на ИД и безбедносните служби веруваат дека областа се користи за обука на терористи.
Во германските медиуми беше објавено дека над 300 мажи од Босна се приклучија кон ИД во Ирак и Сирија, потсетува „Експрес".