Во Дубаи никнува највисоката зграда на светот
Објавено во: Свет, Стил 10 Април, 2016
Во Дубаи наскоро ќе почне изградбата на највисоката зграда во светот.
Таа ќе биде малку повисока од кулата Калифе висока 828 метри. За изградбата ќе бидат потрошени околу милјарда долари, а новата зграда е осмислена од шпанско-швајцарскиот архитект Сантиаго Калатрава Валс. Ќе ја краси видиковец, а во неа ќе се наоѓаат станови, ресторани и хотели. Зградата е наречена елегантна и ќе личи на минаре.
Во трката за изградба на највисоката зграда во светот e и Кингдом холдинг компанијата на саудискиот милијардер, принцот Ал Валид бен Талал кој работи на изградбата на облакодери во Џеда. Тој треба да биде висок околу 1000 метри, а изградбата ќе чини околу две милијарди долари.