Во еден ден шест возачи им заминале во Германија
Објавено во: Финансии 14 Февруари, 2019
Само во еден ден 6 белградски возачи од јавниот градски превоз заминале во Германија за повисоки плати, пишуваат српските медиуми.
Добиваат четири пати поголеми плати, курс за јазик платен од газдата, подобри услови за работа, а во некои случаи и сместување.
Ова е мотив возачите да ја променат адресата. Александар Радовиќ, возач раскажува дека вечно се откажувал од нешто и мислел како да заштеди, но сега вели доста е.
Иселувањето од Србија почна по 2000 година. За две години се проценува дека 51.000 луѓе од Србија заминале во Германија. Од нив 19.000 работници имаат дозвола за престој во земјата.