ЧЕТИРИ ЗЕМЈИ ГО ДВИЖАТ КОРМИЛОТО: Во еврозоната најдобро од 2000 година
Објавено во: Економија 06 Август, 2017
Во третиот квартал економската клима во еврозоната е подобрена, објави институтот Ифо од Германија.
Индикаторот пораснал од 26,4 на 35,2 поени, односно на ниво од 2000 година.
И во втората половина од 2017 година се очекува силен раст.
Во Германија, Франција, Италија и Шпанија економските прилики се подобрени, а исто и очекувањата.
Најголем напредок има во Франција.
Инфлаторните очекувања се околу 1,5% за 2017 година.