20 Декември, 2025
0.0614

ВО ФОНДОТ ЗА ПИОМ ДУПКА: Ќе се продлабочува ли кусокот од 424 милиони евра?

Објавено во: Економија 29 Јануари, 2016 08:00

Добивај вести на Viber

Фондот за Пензиско и инвалидско осигурување има рок уште денеска за да ги достави информациите што ги бара министерсата за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски. Доколку во текот на денешниот ден државниот фонд не ги достави податоците, Ременски најави дека ќе ги процесуира кривичната и прекршочната пријава, кои веќе се подготвени.

-Ова е уште една шанса и секој треба да си ги превземе законските обврски. Сериозно е прашањето со неисполнување на законската обврска на Фондот за ПИОМ да овозможи министерството за труд и социјална политика да ја утврди законитоста во делот на обврските кон приватните пензиски друштва.Во два наврати Комисијата што е формирана со решение од минситеср и има обврска да ја следи работата и законитоста на постапувањето на Фоднот за ПИОМ во повеќе права од повеќе закони, е попречена во извршување на надзорот и тоа повлекува кривична одговорност. Но не сметавме дека пресметаниот ризик за кривична одговорност ќе ги даде одговорите на прашањата кои се од исклучителна важност и за јавноста и за министерството, изјави министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски.

Ременски бара од директорот на државниот фонд Шаип Зенели, да достави податоци како се исполнуваат обврските кон приватните пензиски друштва односно динамиката на исплата по месеци од 2012- година до 2015, дали парите се префрлаат во законскиот рок, колкав износот на средствата на неидентификуваната сметка, од каде најде ПИОМ пари за одеднаш да го исплати долгот од 11,3 милиони евра. Ременски вели дека овие информации сеуште и по речиси месец и половина не ги има добиено.

Од Фондот за ПИОМ пак неодамна соопштија дека податоците се испратени до ресорното министртсвото, но дека некој не знае да ги разбере.

-До Министерството за труд и социјална политика дадени се на располагање сите потребни документи кои не се само цитирани акти и закони туку во нив се состои целокупната работа на ПИОМ, но очигледно лицата кои ги добиле податоците не го разбираат работењето на ПИОМ.Владата ги пропишува начинот и постапката на извршување на функциите на Фонодт за ПИОМ утврдени со член 69 од Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, стои во соопштението од Фондот за ПИОМ.

Кон крајот на декември лани, во јавноста се обелодени дека државниот фонд доцни со уплатата на задолжителниот процент за придонеси во приватните пензиски друштва. Раководството на ПИОМ прво негираше, па потоа призна дека има проблем но дел од вината ја префлри кај компаниите и кај МАПАС.По неколкунеделно препукување со ресорното министрство, ПИОМ одеднаш најде 11,3 милиони евра за комплетно да го исплати долгот, не не откри од каде ги најде парите. Ваквите случувања предизвикаа паника кај граѓаните, а некои се подготвени и да тужат.

Дефицитот во Фондот за ПИОМ е веќе продлабочен

Уште на стартот на годинава, Фондот за ПИОМ потрошил повеќе отколку што е планирано во овој период. Според информациите до кои дошла министерката Ременски, во првите 15 дена од годинава дефицитот на државниот фонд е продлабочен за околу 7 милиони евра.

Во првите 15 дена од месец јануари веќе е направен дефицит на сметката на Фондот за ПИОМ со раздолжувањето кон приватните пензиски фонда. Тоа ќе се провлекува во следните месеци до крајот на 2016-та година и ќе остави простор на повторно јавување на долг на Фондот за ПИОМ кон приватните пензиски друштва, изјави министерката Ременски.

Податоците покажуваат дека од 2008 година дефицитот на Фондот за ПИОМ  расте со забрзано темпо.

Според анализата на Институтот за економски истражувања “Finance think”, во 2008 година буџетската дупка на ПИОМ била околу 160 милиони евра, додека лани дефицитот е зголемен околу 372 милиони евра. Паралелно се зголемува и зависноста на ПИОМ од државниот Буџет, односно буџетските трансфери кон ПИОМ од 32 отсто во 2008 година,  годинава се зголемија на 43 отсто.

Експертите постајно укажуваат дека Фондот за ПИОМ е недоржлив, а дополнителен удар се зголемувањата на пензиите.

-До 2000 година  се направија многу солидни параметрички реформи  што беа услов за воведување на овој комбиниран пензиски  систем на државна и приватна компонента. Но во последните години тоа доста се наруши. И дополнително тука се  сите овие зголемувања на пензиите надвор од досегашните практики кои биле во согласност со растот на животните трошоци.Тоа не се следеше во последните години, туку по 5% секоја година паушално се зголемуваа шензиите . Поради тоа Фондот за ПИОМ е доста оптоварен со давачки и сето тоа влијае на една нестабилност. Креаторот на политиката не треба да мисли само за дневната политика туку треба да мисли и за во иднина, мора да прави баланс помеѓу сегашните и идните генерации на пензионери. Реформи се неопходни, но тие треба да се анализираат добро, какви приходи се потребни, со какви расходи може да издржи тој пензиски систем на долг рок, а за тоа се потребни добри актуарски анализи и проекции, изјави во интервју за Фактор, поранешната директорка на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, МАПАС, Зорица Апостолска.

Годинава за пензии и инвалидско осигурување во касата на Фондот за ПИОМ се предвидени 974 милиони евра. Но, за да може да ја изврши исплатата – Владата од државниот буџет ќе треба да му префрли близу 424 милиони евра.

Деновиве и претставниците на Меѓународниот монетарен фонд на средбата со министрката Ременски, изразиле загриженост за состојбата со државниот фонд. Монетарците посочиле дека треба да се следат укажувањата во последниот извештај на Светска банка, дека се Фондот за ПИОМ треба да претрпи реформи за финансиска стабилност и одржливост на Фондот.

Т.С.

Можеби ќе ве интересира

Компанија од Емиратите најблиску да ја купи Нафтена индустрија на Србија (НИС)

Компанија од Емиратите најблиску да ја купи Нафтена индустрија на Србија (НИС)

Синдикалната минимална кошница во декември зголемена на 65 492 денари

Синдикалната минимална кошница во декември зголемена на 65 492 денари

ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби

ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“

Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра

Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра

Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка

Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?