26 Април, 2024
0.0289

Во Германија пронајден нов сој на коронавирусот: Заболени 35 пациенти во една клиника

Објавено во: Свет 19 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Германија е последната земја каде е откриена нова мутација на коронавирусот. Новиот сој е идентификуван меѓу група болнички пациенти во Баварија. Локалните новински медиуми во понеделникот први објавија дека е откриена непозната варијанта на коронавирус меѓу 35 пациенти во болница во баварскиот ски град Гармиш-Партенкирхен, југоисточна Германија. 

Променетиот вирус е пронајден кај 35 од 73 новоинфицирани лица во болницата, објави во понеделникот баварската новинска агенција БР24. 

Примероците сега, наводно, се испитуваат во универзитетската болница „Шарите“ во Берлин. CNBC го контактирале германското Министерство за здравство за потврда на извештаите. Официјални лица изјавиле дека варијантата е различна од неодамна откриените варијанти во Велика Британија и Јужна Африка. 

Заменик директорот на болницата Клеменс Стокклауснер на брифинг со новинарите во понеделникот рекол дека сè уште нема потврда дали мутацијата го прави вирусот попренослив (како и со варијантите откриени во Велика Британија и Јужна Африка), или е повеќе смртоносен. 

 „Во моментот откривме мала мутација… и апсолутно не е јасно дали ќе биде од клиничка важност“, рече Стокклауснер. 

„Треба да почекаме за целосното секвенционирање. Ниту соевите во Велика Британија ниту во Јужна Африка не беше потврдено дека предизвикале повеќе жртви, иако како резултат на нивната способност полесно да се шират, тие предизвикаа повеќе инфекции, хоспитализации и, за жал, повеќе смртни случаи. Велика Британија и Ирска, особено, забележале брзо ширење на мутираниот вирус, што предизвика наплив на инфекции и прилив на пациенти. 

Информациите за новата варијанта пронајдена во Германија се појавија истиот ден кога министерот за здравство на земјата Јенс Спан рече дека сегашното ниво на секвенционирање на коронавирусите во земјата не е доволно и дека лабораториите ќе бидат обврзани а ги следат примероците на коронавирусите за да го следат вирусот мутации. 

Можеби ќе ве интересира

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни