29 Април, 2024
0.0345

ВО ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“ ПАЦИЕНТИТЕ ДОБИЈА ПОГОЛЕМ ТРИЈАЖЕН ЦЕНТАР: Преместен е на местото на Ургентниот центар

Објавено во: Македонија 04 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Изминативе денови е направено големо преместување во Градската болница „8 Септември“, односно преместен е Тријажниот центар во кој доаѓаат по 150 пациенти дневно, од каде по направените прегледи се хоспатализирааат или во таа болничка установа, или пак се препраќаат во останатите ковид-центри.

Директорот на ГОБ „8 Септември“, д-р. Хрисијан Костов вели дека оваа активност во болницата е направена поради тоа што претходниот Тријажен центар беше помал, со тесен ходник и се создаваа гужви.

-Овој исклучително важен оддел го преместивне внатре, каде што беше Ургентниот центар. Претходно се создаваа гужви, пациентите и на ладно чекаа надвор, имавме и некои непријатни ситуации. Сега имаат поголем и поширок простор, и што е најважно не стојат надвор. Ургентниот центар, пак, функционира без никакви проблеми, но е преместен на само 10 метри од каде што беше, вели директорот Костов.

Инаку, засега ГОБ „8 Септември“ не се пренаменува целосно во ковид центар, бидејќи таму редовно се вршат сите прегледи, како и анализи и оперативни зафати и на пациенти кои немаат корона вирус. Инаку, оваа болничка установа и натаму хоспитализира болни од Ковид-19, и тоа како што вели директорот Костов, згрижуваат пациенти со најтешка клиничка слика.

-Во моментов имаме 104 пациенти. Се носат од сите градови во земјава, ако нема место ги препраќаме во другите ковид-центри во Скопје. Имаме навистина пациенти со тешка форма на болеста, во моментов 13 се на респираторни апарати, појаснува Костов.

А.Б.


Можеби ќе ве интересира

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“