ВО ИДНИНА БИ ГИ ПОВТОРИЛ: Шешељ е горд на своите воени злосторства
Објавено во: Балкан 11 Април, 2018
Лидерот на српските радикали, Воислав Шешељ денеска изјави дека пресудата која против него ја донесе Жалбениот совет во Хаг е противправна.
Тој вели дека е „многу горд на сите воени злосторства и злосторствата против човештвото кои му се ставаат на товар, и дека е спремен во иднина сите повеќекратно да ги повтори“.
Шешељ изјави дека е очигледно дека Жалбениот совет сака да го припокрие времето што го минал во затвор.
„Пресудата апсолутно ни на еден правен принцип не е основана. Таа е срамна, како што е срамен и Хашкиот суд во целина. Всушност, тие мене не можеа да ми изречат осудувачка пресуда, само можеа да ја укинат првостепената и да ја вратат на повторна постапка. Осудувачка пресуда можеа да намалат или да зголемат. Бидејќи беше ослободувачка, не можеа да ја сменат во осудувачка. Јас ќе се жалам на оваа пресуда и нема да се откажам од жалба, по ниедна цена“ - кажа Шешељ.
Тој е одговорен за прогонот и депортацијата на Хрватите од Војводина со одржување на хушкачки говор во Хртковци на 6 мај 1992. Судот го осуди на казна од 10 години затвор и му го призна времето поминато во хашкиот притвор.