29 Април, 2024
0.0253

Во кој бизнис во Македонија “најголемите ѕверки“ прават профит од 400.000 евра дневно?

Објавено во: Економија 23 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Во Македонија – банкар да си. Трите најголеми банки до јуни книжат солидни, а богами и рекордни добивки. Трите заедно за 180 дена имаат профит што надминува 71 милиони евра!

Трите најголеми банки во земјава: „Стопанска банка Скопје“, „Комерцијална банка“ и НЛБ Банка направија профит од 71,3 милиони евра за половина година, покажуваат официјалните податоци од нивните биланси. Дневниот просечен профит на трите банки заедно е речиси 400.000 евра!

Во споредба со лани трите банки бележат зголемување на профитите, а особено тоа е изразено кај „Комерцијална банка“. Најголема добивка за шест месеци има „Стопанска банка Скопје“ и таа изнесува 31 милиони евра и тоа е рекордна највисока добивка за половина година. На второто место за нијанса пред НЛБ Банка е „Комерцијална банка“ чија добивка е 21,3 милиони евра. Словенечката аквизиција „НЛБ Банка“ има добивка од 19 милиони евра за шест месеци.

Генерално, трите банки во првата половина од годинава работат одлично. Особено кај „Комерцијална банка“ и делумно кај „Стопанска банка Скопје“ позитивно се одрази решавањето на отвореното прашање со работењето на топилницата за феро-никел „ФЕНИ Индустри“ од Кавадарци затоа што новите сопственици ги откупија побарувањата и тоа значајно го релаксира работењето на „Комерцијална банка“ во делот на корпоративни големи клиенти, а преку ослободување на резервациите се одрази и кај профитот.

Најголемо кредитно портфолио има „Стопанска банка Скопје“ и тоа на крај на јуни изнесува речиси една милијарда евра. НЛБ Банка има кредитни пласмани од 797 милиони евра, а „Комерцијална банка“ има 718,7 милиони евра.


Р.Ф.


Можеби ќе ве интересира

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка