Во кумановскиот затвор починат 22-годишен осуденик
Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2019
Во една од ќелиите на затворот Куманово синоќа околу 22:00 часот починал Л.М. на 22-годишна возраст, објави Алсат.
Според роднините на починатиот, тој имал здравствени поплаки во текот на вечерта и во отсуство на ноќна смена на лекарскиот тим од затворот, според членовите на семејството, тој земал апчиња позајмени од затворениците.
Затворските и полициските власти сè уште не го потврдиле случајот, но неофицијално се дознава дека затвореникот починал без навремен лекарски третман.