Во наредните денови ќе имаме потопло време, но со попладневен дожд
Објавено во: Македонија 15 Мај, 2021
Времето утре ќе биде сончево со умерена облачност и потопло.
Минималната температура ќе се движи од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 27 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе биде до 25 степени. Во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно и потопло време со појава на локален попладневен дожд во северните делови на Македонија. До среда ќе дува умерен до повремено засилен ветер од западен правец, а во понеделник попладне ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи.