05 Мај, 2024
0.0235

Во недела Мрдни со прст за поздраво и позабавно детство!

Објавено во: Мои пари 06 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Во недела од 12:00 часот Мрдни со Прст, Црвен Крст на Република на Македонија и локалните жители во маалото Стара Топана ќе организираат голема акција за разубавување и чистење на просторот за играње кој што се наоѓа под улицата Самоилова. На просторот кој што првично бил наменет за  детска игра и забава сега има насобрано отпад кој што не само што го блокира местото на децата за игра, истовремено претставува потенцијален извор на зараза што може да влијае негативно на нивната здравствена состојба.

Целта на оваа акција е да се обиде да понуди трајно решение за проблемот. Со таа цел, Црвен крст на Република Македонија мрднаа со прст и организираат волонтерска акција за чистење на отпадот, разубавување на просторот за играње и поставување контејнери за ѓубре.

Мрдни со Прст ги повикува сите граѓани да се придружат и да се вклучат во акцијата која ќе се одржи на 8 октомври (недела) со која заедно со локалното население и Црвен Крст ќе се исчисти и разубави просторот.

Целта е да им помогнеме на жителите на оваа населба да живеат поздрав живот, а на нивните деца ќе им го ослободиме старото омилено место за игра. Локацијата на игралиштето е веднаш спроти пекарата Сирма на улица Самоилова на Кале! За работата да биде позабавна таму ќе биде ДЈ Гоце САФ кој што ќе пушта музика и ќе помогне во целата акција.

Придружи се овој викенд за почисто Скопје и поздраво детство.

Со овој настан,  “Мрдни со Прст“  продолжува со активностите за подигнување на свеста на граѓаните за општествени промени кои се во доменот на секој поединец. ,,Tи си на потег” како слоган на кампањата го повикува секој граѓанин да даде своја идеја, да се вклучи и да реализира активности со цел да направи одреден придонес во заедницата во која живее.

Повеќе информации за овој настан се достапни на официјалниот настан на Фејсбук, на следниот линк . Повеќе информации за иницијативата на Мрдни со Прст се достапни на www.mrdnisoprst.mk и Фејсбук страницата https://www.facebook.com/MrdniSoPrst/

Можеби ќе ве интересира

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ