Во оваа година ќе се појават 70.000 нови занимања
Објавено во: Стил 19 Февруари, 2018
Јург Штукер, задолжен за иновации и консултации во швајцарската агенција „Namics“ вели дека секоја година исчезнуваат 15% од професиите, но се појавуваат нови 70.000 занимања.
Според него, за 25 години ќе исчезнат 40% од професиите кои денес ги има.
Тој објаснува дека многу процеси се дигитализираат, а работното време е флексибилно, како и работните задачи.
За да се снајде човекот во такво опкружување, вели дека ќе мора да совлада нови вештини, кое ќе му дадат предности пред машините.
Штукер вели дека луѓето ќе мора да ја развијат својата социјална интелигенција ако сакаат да работат во тим.