Во оваа земја имало 30.000 лажни профили - Фејсбук ги блокираше
Објавено во: Свет 14 Април, 2017
Фејсбук блокираше 30.000 лажни профили во Франција, за да го спречи ширењето лажни вести, дезинформаци и спамови.
Десет дена пред првиот круг од претседателските избори во Франција, Фејсбук ја презеде оваа мерка против профилите, кои ги нарушуваат условите за користење на социјалната мрежа.
Компанијата е подложена на силен притисок во Европа. Владите во повеќе земји се закануваат со нови закони и казни, ако Фејсбук не ја отстрани екстремистичката пропаганда и други содржини, со кои се нарушуваат локалните закони.
Притисок се врши и врз Твитер, Гугл, Јутјуб во пресрет на изборите во Франција и Германија.
Првиот круг на досега најнеизвесните избори во Франција ќе се одржи на 23 април а вториот е закажан за 7 мај. Французите го бираат својот нов претседател.