ВО ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ ГИ БОДРИ НЕГОВИТЕ МОМЦИ ПРОТИВ РУСИЈА - Ериксен излезе од болница и веднаш ја посети репрезентацијата
Објавено во: Свет 18 Јуни, 2021
Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен е пуштен од болницата во Копенхаген по успешната операција на која му беше имплантиран апарат, т.н. „срцев стартер“, познат и како кардиовертер дефибрилатор (ИКД), откако во саботата колабираше во првото полувреме од мечот Данска-Финска на Европското првенство. Тој веднаш ја посети данската репрезентација, пред да се врати дома со своето семејство.
„Благодарам за огромниот број на поздрави кои ги добив, тоа беше неверојатно да се види и да се почувствува. Операцијата помина добро и се чувствувам добро со оглед на околностите. Беше фантастично да се видат момците по одличниот меч против Белгија и ќе гледам и ќе навивам в понеделник против Русија“, вели Ериксен.