13 Февруари, 2025
0.0341

Во пресрет на одлуката на БПЦ: автокефалниот статус на Македонската православна црква пред решение?

Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

“Несомнено е дека и во светот на православните цркви има неколку глобални карактеристики. Првата, цркви од земји кои се членки на Европската унија, потоа земјите кои се вон неа, а меѓу нив се оние кои се на европскиот континент, на Блискиот исток и во другите делови во светот. Да се надеваме дека припаѓањето на Европската унија, треба да значи и прифаќање на европските облици на соработка и решавање на проблемите. Дали ќе биде така? Неблагородно е да се нуди одговор. Човечки е да се надеваме” – вели за Фактор, универзитетскиот професор Цане Мојаноски во пресрет на одлуката на Светиот синод на Бугарската православна црква, кој денеска  ќе го разгледува писмениот предлог испратен од Македонија, со кој се бара „евхаристиско единство со возобновената Охридска Архиепископија во лицето на Македонската православна црква. 

Разгледувањето на испратеното писмо до Светиот синод на Бугарската православна црква со кое Македонската православна црква – Охридска архиепископија ќе ја препознае и признае Бугарската православна црква – Бугарска Патријаршија како Мајка Црква според него  треба да претставува нормална постапка. 

“Кои се можните излезни решенија? Едноставно сите решенија. Да појдеме од најпосакуваното - да се прифати. Одговорот може да е негативен. Очекувам дека на состанокот ќе го земат во разгледување и проучување и ќе отпочне консултации со останатите цркви. Што е важно во овој процес? Важно е тоа што стартната позиција од која се поаѓа е автокефалноста на Македонската православна црква. Наше е да се надеваме. На црковните структури е да ги следат своите начела и интереси. Но во секој случај, излегувањето од кругот и долгото чекање пред портите на Српската православна црква, значи реална можност за вклучувањето во заедницата на православните цркви”-  додава професорот Мојаноски.

На ова прашање  како што вели треба да му се приоѓа со многу внимателност, затоа што тие процеси не одат секогаш според нашите очекувања и тоа не е прашање за кое постои согласност.

“Очекувам дека покренувањето на ова прашање не е резултат  на фикс идеја, туку смислена, добро обмислена и проценета постапка која може да резултира со позитивен исход. Во таа смисла мислам дека целта е да се разреши овој повеќедецениски проблем и создавањето на услови Република Македонија да ги затвара отворените прашања. Но, оваа иницијатива може да се набљудува како акт на одговорна црковна ерархија која се обидува да изнајде решенија. Овој процес, исто така, може да се набљудува и како дел на процесите на приближување на двете соседни земји”- потенцира универзитетскиот професор. 

Во меѓувреме во Бугарија исто како и во Македонија има поделени мислења околу ова прашање, кое се поврзува и со затоплувањето на односите меѓу двете соседни земји, особено по Договорот за добрососедство, најавата за ревидирање на историјата, но и за прашања кои се поврзани со македонскиот јазик и културна посебност.Таквата состојба вели професорот е очекувана но решенијата се во двете страни.

“И сосема нормално, ако ги следите односите во последните шеесетина години. Освен годините непосредно по Втората светска војна, кога постоеја особено блиски односи меѓу македонската и бугарската држава и нивните раководства, односите се испреплетени со разни затегнати односи, со бројни спорови за историјата, нацијата, јазикот и слични проблеми. Тие, процеси, нема така брзо да се решат преку ноќ, но да се надеваме дека ќе доаѓаат луѓе кои ќе ги води логиката дека од историја и минато не се живее, дека тие процеси на „пеглање“ на разликите ќе трае и ќе има систем „напред - назад“. Но, очекувам доминантните односи да ја следат модерната европска логика. Ова за нас од двете страни на границата и за двата народи е шанса, од нас ќе зависи, а не од другите. Се надевам дека ги научивме лекциите”- вели професорот Мојаноски.

Според него на маса се сите можни решенија. Ако одлуката  биде позитивна, очекува прифаќање на автокефалниот статус на Македонската православна црква и нејзино вклучување во светот на православните цркви, што ќе и обезбеди непречено комуницирање со нив. 

“Ако пак биде негативна, за што не посакувам да се случи, тогаш тоа прашање ќе се усложни и решенијата, тешко ќе можат да се предвидат. Но во секој случај, отворањето на ова прашање, значи и обелоденување и негово отворање. Очекувам дека Европската унија да создава услови сите субјекти во неа да ги користат европските придобивки. Такво однесување очекувам и од православните цркви во таа Унија”- порачува професорот Цане Мојаноски.

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пратениците не си ги скратија патните трошоци

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пратениците не си ги скратија патните трошоци

ТРИФОНОВ ВЕЛИ ДЕКА МАКЕДОНЦИТЕ СЕ МНОГУ НЕБЛАГОДАРНИ: Преку криви макарони ќе ја видат ЕУ

ТРИФОНОВ ВЕЛИ ДЕКА МАКЕДОНЦИТЕ СЕ МНОГУ НЕБЛАГОДАРНИ: Преку криви макарони ќе ја видат ЕУ

ДВА МЕСЕЦИ ЌЕ ИМА ЗАСТОЈ: Дел од товарен воз кој сообраќал од Гевгелија за Солун излетал од шините

ДВА МЕСЕЦИ ЌЕ ИМА ЗАСТОЈ: Дел од товарен воз кој сообраќал од Гевгелија за Солун излетал од шините

ПРАТЕНИКОТ МУРАТИ ГО КРИТИКУВАШЕ ГОВОРОТ НА ДОДИК ЗА СВЕТИ САВА: Стоилковиќ даде објаснување за настанот

ПРАТЕНИКОТ МУРАТИ ГО КРИТИКУВАШЕ ГОВОРОТ НА ДОДИК ЗА СВЕТИ САВА: Стоилковиќ даде објаснување за настанот

ЌЕ СЕ МЕНУВА ДРЖАВНИОТ ГРБ: Мицкоски и ВРЕДИ разговараат за ова прашање

ЌЕ СЕ МЕНУВА ДРЖАВНИОТ ГРБ: Мицкоски и ВРЕДИ разговараат за ова прашање

OJO: Преку системот на Европол ќе се обезбедуваат податоци за банкарски сметки и имот во странство на корумпирани бизнисмени и функционер

OJO: Преку системот на Европол ќе се обезбедуваат податоци за банкарски сметки и имот во странство на корумпирани бизнисмени и функционер

ЗАПЛЕНЕТA ГОЛЕМА КОЛИЧИНА ДРОГА НА ГРАНИЦА - голема акција на МВР и Царина

ЗАПЛЕНЕТA ГОЛЕМА КОЛИЧИНА ДРОГА НА ГРАНИЦА - голема акција на МВР и Царина

Доживотна затворска казна за Фадил Зејнелов

Доживотна затворска казна за Фадил Зејнелов

ОПОЗИЦИЈАТА ПРАШУВА, ВЛАСТА ОДГОВАРА - еве кои пратеници и министри денеска ќе ги вкрстат копјата

ОПОЗИЦИЈАТА ПРАШУВА, ВЛАСТА ОДГОВАРА - еве кои пратеници и министри денеска ќе ги вкрстат копјата